Македонија
„Полио плус“: Потребна е поголема вклученост на лицата со хендикеп во сите општествени текови
Во организација на движењето против хендикеп „Полио плус“, во просториите на СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ во Прилеп, беше организирана панел-дискусија. Тема на дискусијата, на која учествуваа и градоначалникот Илија Јованоски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и пратеникот Хари Локвенец, беше разоткривање на прашањето на хендикеп во областа на социјалната заштита.
На панел-дискусијата, која имаше регионален карактер, учествуваа и организации на лица со хендикеп и родители на деца со хендикеп од Прилеп и Битола, имаше дискусија за социјалната заштита и обврските што ги имаат општините во согласност со ратификуваната Конвенција за правата на лицата со хендикеп.
„Со процесот на децентрализација општините имаат обврска да почнат со создавање сервиси за поддршка на граѓаните со хендикеп, како и да развијат разни регулаторни механизми кои на граѓаните со хендикеп ќе им овозможат поактивно вклучување не само во процесот на создавање на сервисите туку и во процесите на нивно спроведување, мониторнг и евалуација. Воедно, на денешната дискусија беа презентирани и резултатите од терен во поглед на размислувањата и видувањата на лицата со хендикеп и родителите на децата со хендикеп во врска со социјалната заштита и колку таа е усогласена со Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп“, изјави Елена Кочоска од „Полио плус“.
Според Кочоска, она што може да се извади како заклучок од панел-дискусијата, е дека и на Македонија како држава и на општините им претстојат многу предизвици што ќе бидат надминати само со заедничка работа. Тоа, како што потенцира Кочоска, подразбира поголема ангажираност и поголема вклученост на лицата со хендикеп во сите општествени текови и воедно да имаат улога на активни преговарачи со локалната самоуправа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.
Македонија
Тополова-Исајловска: Криминалот врз културното наследство остава трајни последици
Јавното обвинителство е една од клучните институции-потписнички на двата меморандуми за разбирање, чија цел е зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина.
Настанот го означи успешното завршување на твининг проектот помеѓу Италија и Република Северна Македонија,финансиран од Европската Унија со средства од Инструментот за претпристапна помош – ИПА.
“Кривичните дела во овие области се карактеризираат со високо ниво на сложеност. Тие често вклучуваат организирани структури, прекугранични активности, финансиски интереси и значителна материјална штета. Последиците од ваквите дела, за разлика од други форми на криминал, во голем дел се трајни – уништеното културно добро или деградираната животна средина речиси никогаш не можат целосно да се обноват. Затоа, покрај националните механизми, од суштинско значење се и инструментите на меѓународна правна помош, размената на информации и оперативната соработка, како со институциите од регионот, така и со институциите од Европската Унија”, истакна при потпишувањето на меморандумите В.Д. Јавниот обвинител, Анита Тополова Исајловска.
Целта на проектот, во чија реализација беа вклучени италијанските Карабинери со специјална експертиза, беше зајакнување на националните капацитети за спречување, истражување и борба против кривични дела поврзани со културното наследство и животната средина во согласност со стандардите и најдобрите практики на ЕУ.
Меѓуинституционалната соработка беше зајакната преку структурирани механизми за координација, што резултираше со потпишување на двата Меморандуми за разбирање со кои се воспоставуваат национални мултиинституционални платформи за заедничко дејствување против криминалот со културното наследство и животната средина.
Македонија
СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија на ниво на Буркина Фасо и Танзанија според Транспаренси
СДСМ обвини дека корупцијата во Македонија „цвета“, повикувајќи се на Извештајот на Транспаренси за 2025 година, според кој, како што наведуваат, земјата е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија.
Од партијата тврдат дека граѓаните „секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“.
Во соопштението се наведува дека „161 тендер се доделени на една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма само со двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“.
СДСМ ги споменува и петте тони дрога преку граница, оценувајќи дека се случил „најголемиот нарко-скандал во регионот со дрога од Македонија која била шверцувана во Србија“.
Според партијата, „наместо реформи во правосудството, власта презема целосна контрола врз судството и обвинителството и носи закони кои не се согласно препораките на ЕУ“.
„Нема борба против криминалот и корупцијата туку има обиди за заштита на криминалците од врвот на власта“, наведуваат од СДСМ.
Во соопштението се додава дека „сè тоа ја става Македонија во групата на земји како Буркина Фасо и Танзанија, според Извештајот на Транспаренси за 2025 година“.

„Македонија го има својот Мадуро кој ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за може слободно да се спроведува грабежот зад грбот на граѓаните“, додава СДСМ.

