Македонија
„Политика“: СПЦ ќе го обнови дијалогот со МПЦ
Светиот архијерејски собор на СПЦ донел одлука да ги обнови преговорите за решавање на статусот на Македонската православна црква (МПЦ), пишува „Политика“.
Прашањето за МПЦ во средата било единствената тема на состанокот на највисокото црковно тело во Србија, пишува весникот повикувајќи се на свои извори во СПЦ.
Како што се наведува, СПЦ со спроведувањето на одлуката за продолжување на дијалогот со МПЦ ќе се занимава по заседанието на Соборот, Светиот архијерејски синод на СПЦ.
Изворот за весникот навел дека српската црква „не сакала да иницира обновување на дијалогот со Македонците додека бил во затвор архиепископот Јован Вранишковски“.
„Тој, меѓутоа, е пуштен на слобода во 2015 година и учествува и на овој, како и на неколку претходни заседанија со Соборот на СПЦ, заедно со владики од Православната охридска архиепископија, која е под закрило на српската црква“, пишува белградскиот весник, пренесе „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тоневски: Со мнозинство во советот одиме кон уште поголема победа во Пробиштип, време е за промени
На вечерашниот мини-митинг во општина Пробиштип, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември, се обрати кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски кој истакна дека во Пробиштип е потребна промена после 8 години апатија и уништување на градот, потенцирајќи дека новиот правец во кој ќе се движи општината ќе биде развиен, вистински и долгорочен со реализација на многу проекти кои ќе донесат развој и напредок на Пробиштип.
„Во првиот круг жителите на Пробиштип беа јасни, покажавте верба храброст и желба за промени, освоивме стабилно мнозинство во советот и сега сигурно со дигната глава одиме на уште поголема победа. Вие граѓаните ја препознавте програмата што значи работа, развој и сигурна иднина. Вие граѓаните го направивте вистинскиот избор за нашиот Пробиштип. Осум години стоевме во место, наместо да броиме нови индустриски погони, работни места, водоводи, ние броевме изгаснати светла во домовите. Затоа минатата недела Пробиштип испрати јасна порака, доста беше стагнација, уназадување и апатија, време е за нов правец, развиен, вистински, долгорочен“, рече Тоневски.
Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип посочи дека програмата е сеопфатна и е сработена заедно со граѓаните, со нивни предлози и идеи, со што ќе се инвестира во секој дел од општината, со проекти за младите да останат во својот роден град како и инвестиции во областа на туризмот, спортот и индустријата.
„Многу ми е важно нашиот град да има иднина, нашиот Пробиштип заслужува многу повеќе, ние не ветуваме чуда ние ветуваме само работа, ветуваме развој, ветуваме иднина. Во програмата се влезени вашите идеи, оваа програма е победничка, заедно ја пишувавме заедно ќе ја реализираме, ќе започнеме со нова урбанизација, нова населба за изградба на куќи и нова индустриска зона исклучиво за незагадувачка индустрија. Ќе создадеме услов за нови работни места и повисоки плати, нашиот фокус се младите, младите ќе имаат бесплатен канцелариски простор доколу сакаат да започнат сопствен бизнис и бесплатни проекти за типски куќи. Голем дел од младите ќе можат да ја градат својата кариера и во туристичката дејност затоа што инвестициите во Лесново и Пониква ќе бидат големи, ќе изградиме детско одморалиште на Пониква, ново одбојкарско игралиште, Пробиштип ќе добие и нов градски базен“, вели Тоневски.
Македонија
Aрсовска: Директорот на „Комунална“ е пуштен, Јулијана од Управен нема да ја апсат оти има албум со сликички со функционери на ВМРО
Директорот на Комунална хигиена Скопје е пуштен неколку часа откако беше приведен во станица , не е виновен за ништо, работата ја вршел чесно и совесно, напиша на социјалните мрежи градоначалничката Данела Арсовска.
„Оваа информација пристигна откако по неколку часа убедување во полициска станица, директорот на Комунална хигиена им кажал дека во срцето и душата е ВЛЕН, уште додека бил во станица му донеле да потпише изјава за членство по што е пуштен да си продолжи со успешната работа во претпријатието.
Во меѓувреме Мицковски и МВРО упорно бараат некој од ДУИ да го апсат како што ветија, тргнаа по Изет Меџити од ДУИ, па откако стана ВЛЕН си го земаа во коалиција“, напиша Арсовска на социјалните мрежи.
За апсењата во Комунална таа и претходно се огласи на „Фејсбук“. Напиша дека претседателката на Управен одбор Јулијана Спировска, нема да ја апсат „бидејќи има албум со сликички со сите функционери на ВМРО“.
„Јулијана која ја управува Комунална Хигиена Скопје е осуден криминалец во 2022 година со казна затвор за убиство и осуден криминалец во 2006 за нанесување тешки телесни повреди. Јулијана во КХС ги команда другите членови на Управен одбор од ВМРО и ВЛЕН, кои се поставени од Советот на град Скопје од ВМРО и ВЛЕН.Јулијана 3 години опструира нови камиони, инвестициска програма, вработените кои 5 години ги чистат улиците не можат да земат решение за работа поради нејзините сопартијци од ВМРО и ВЛЕН во Советот. Јулијана по наредба на ВМРО континуирано со години прави опструкции додека градот не се удави во смет. И сега директоров им е крив кој не можел да набави 35 нови камиони бидејќи тоа Јулијана го одложила за да ги набави Орце“, напиша Арсовска.
Македонија
Филипче: СДСМ води чесна кампања, ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци, пријавивме во ДИК
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на новинарско прашање поврзано со кампањата и која е неговата оценка за истата, изјави дека
СДСМ води чесна, искрена кампања, насочена кон граѓанските интереси, нагласувајќи ги, како што рече, сериозните изборни притисоци и нерегуларности од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кои уредно биле пријавени до ДИК и набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
„Пријавивме притисоци и закани по работните места на гласачите, особено членови и симпатизери на СДСМ, поткуп и обиди за поткуп, па дури и на самите гласачки места. Дополнително, компании биле принудувани да присуствуваат на одредени настани, што не е во духот на демократијата”, изјави Филипче.
Тој додаде дека сите овие забелешки се официјално доставени до Државната изборна комисија и до ОБСЕ/ОДИХР.
Претседателот на СДСМ направи паралела со кампањата која СДСМ ја води и го истакна контрастот со владејачката партија.
„Ние водиме чесна, искрена и позитивна кампања. Имаме добри кандидати за градоначалници и советници, добро познати во своите заедници, со програми кои реално се реализираат”, рече д-р Филипле.
Тој потенцираше дека градоначалниците на СДСМ имаат меѓу 90 и 100 отсто реализација на предизборните ветувања, за разлика од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои, според Филипче, „не реализирале ниту 20 отсто”.
„Нашите градоначалници имаат помеѓу 90 и 100% реализираност на ветените проекти, додека, според нашите податоци, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ немаат реализирано ниту 20% од своите програми”, изјави лидерот на СДСМ, д-р Филипче.

