Македонија
Политичката ситуација во Македонија, главна тема и во соседните медиуми

„Судбината на Македонија ‘виси’ на девет гласови“, „Собранието без потврда на уставните измени, денеска продолжува собраниската седница“, „Бурна расправа во Собранието за уставните измени“, се само дел од насловите што кружат во медиумите во соседството.
Собранието денеска ја продолжува седницата на чиј дневен ред е предлогот на Владата за започнување на постапката за уставни измени кои вклучуваат промена на името на Македонија, пишуваат и српските медиуми.
„Пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата вчера се обидоа да се убедат меѓусебно зошто одредбите од преспанскиот договор со Грција се прифатливи или зошто се во спротивност со интересите на македонскиот народ и државата. Договорот со Грција предвидува промена на името на државата во Република Северна Македонија, на која се спротивставува опозицијата“, пишува српски „Блиц“.
Порталот забележува дека на седницата присуствувал и македонскиот премиер, Зоран Заев, но и поранешниот премиер и поранешен лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
За промена на Уставот, со кој би се потврдила и промената на името на земјата, во Собранието е потребно двотретинско мнозинство од 80 гласови на пратеници во Собранието, владејачката коалиција предводена од социјалдемократите и премиерот Заев има 71 пратеник, пишува „Блиц“.
„Според преспанскиот договор, потпишан помеѓу Македонија и Грција, поранешната југословенска република треба да се нарекува Република Северна Македонија. Парламентот има рок од десет дена да го потврди или одбие овој договор“, се вели во написот на РТС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Очигледен е стравот на Мицкоски од содржината на документите што треба да ја докажат неговата приказна за наводно следење“, велат од СДСМ

„Случајот со АНБ кој го спремаа за пред избори и требаше да биде некакво оружје против СДСМ, но им испукна како бомба во раката. Власта бега од декласификација на документите и се плаши јавноста да ја дознае вистината“, велат од СДСМ.
„Очигледен е стравот на премиерот Христијан Мицкоски од содржината на документите што треба да ја докажат неговата приказна за наводно следење.
Декласификацијата ќе открие сè, дали и кој бил следен, кој со кого соработувал, за какви цели, што се крие од јавноста, но и зошто на овој начин ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја манипулира јавноста.
Клучното прашање е зошто Мицкоски се плаши сè да се дознае?
Дали станува збор за: соработка на Мицкоски со странски служби, за комуникација со руски агентури, за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ?
Дополнително, ако власта тврди дека СДСМ прислушувала, зошто тогаш бега од декласификација? Ете нека ги декласифицираат документите и нека се дознае сè.
СДСМ не се плаши и нема што да крие. Декласификација јасно ќе покаже сè и кој треба да одговара, но и која е виситната позади случајот. Толклу ли многу се плашите од вистината“, прашува СДСМ преку соопштението.
Македонија
„Обвинителството да се произнесе за случајот ‘Рекет 2’ и да ги открие сите вмешани, Коцевски да не го прикрива случајот“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„ЈО и Коцевски повеќе од година и пол не покренале ниту една постапка против поранешни функционери иако постојат индиции и сомнежи за огромен криминал и корупција. Јавноста има право да знае што се случува со случајот Рекет 2 и зошто јавниот обвинител Коцевски се уште го прикрива“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Коцевски да не молчи за случајот Рекет 2 во кој се вплеткани поранешните од СЈО, Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми и се шпекулира дека имаат рекетирано познат скопски бизнисмен.
Граѓаните имаат право да знаат кој бил рекетиран?
Во кој временски период се случувале овие настани?
Кои се причините и за колку средства овие тројца сакале да го изрекетираат бизнисменот?
Дали е вплеткан и познат скопски адвокат и како одела шемата на рекетот? Дали се вмешани и поранешни функционери од СДС и од ДУИ?
ЈО и Коцевски да го расчистат случајот, правда и одговорност мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„СДС призна дека незаконски следеле, но наместо извинување, продолжуваат со лаги и манипулации да си креираат предизборна кампања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Откако СДС признаа дека прислушувале и следеле преку АНБ и АР, наместо да се извинат продолжуваат да ги штитат нарачателите, извршителите и организаторите на незаконското следење на претседателот Мицкоски, на новинари и бизнисмени. Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски наместо да бидат повикани на одговорност, СДС и понатаму се труди со сите сили да ги заштити“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС продолжува да ги штити сите кои ги злоупотребувале институциите, СДС продолжува да шири лаги и манипулации во врска со случајот и на тој начин да креира валкана и лажна кампања против Мицкоски и власта.
ЈО да не ги штити структурите на СДС и ДУИ и да почне да работи на сите предмети и афери кои се објавуваат во јавноста, а не да ги прикрива и молчи и покрај сите докази како и да почне да делува по допрен глас.
ЈО наместо да молчи и соработува со СДС и ДУИ да се произнесе за случајот во спротивно е дел од политиканството и продолжение на незаконското работење, на криминалот и корупцијата.
Доколку ЈО и Коцевски не почнат да работат во интерес на правото и правдата и продолжат да бидат неми набљудувачи на процесите, треба да знаат дека тоа нема да трае долго и ќе сносат одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.