Македонија
Политичко-безбедносниот комитет на ЕУ ги поддржа реформите и интеграциите
Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорите на Политичко-безбедносниот комитет на Европската Унија од Брисел, придружувани од амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, и претставници на делегацијата на ЕУ во земјата.
На состанокот се разговараше за актуелни политичко-безбедносни прашања, како и за поврзаноста на предизвиците и начините на нивно надминување во европски и светски рамки.
Европските претставници изразија поддршка на реформските чекори што ги презема Владата во рамките на планот 3-6-9 за изградба на независни институции во едно општество за сите граѓани. Претставниците од ЕУ ги поздравија и напорите на Владата за развој на добрососедски односи, како и за решавањето важни прашања од државен и граѓански интерес во соработка со цивилниот сектори и со опозицијата. Амбасадорите на Политичко-безбедносниот комитет на Европската Унија од Брисел рекоа дека се во Македонија да ја пренесат пораката оти ја поддржуваат земјата во евро-атлантските интеграциски цели и да го реафирмираат ставот дека Западен Балкан е приоритет за ЕУ затоа што стабилноста и просперитетот на регионот се важни за Европската Унија во целост.
„Ќе продолжиме да даваме причини за натамошна поддршка од нашите партнери од меѓународната заедница. Иднината на граѓаните и на Република Македонија е во Европската Унија и во НАТО. Градиме институционални капацитети во правосудството, тајните служби, јавната администрација, медиумите. Градиме добри односи со соседите – по договорот со Бугарија, работиме на решавање на долгогодишниот спор со Грција. И од тие причини имам позитивни очекувања за напредок во европските и НАТО-аспирациите на Република Македонија“, рече премиерот Заев.
На средбата министрите и одделно објаснија за позитивните исчекори во правосудството – во согласност со препораките од Венециската комисија, ГРЕКО и ЕК, во одбраната – со зголеменото учество на Македонија во НАТО-мисиите и иницијативата за вклучување во безбедносните ЕУ-мисии, за законските измени со кои треба да се спречи злоупотреба на системот за следење, за воведувањето механизми за ефикасно спречување на криминалот и корупцијата, за борбата против тероризмот, за деполитизација и департизација на полицијата, за силни институции кои ќе може целосно да одговорат на потребите на граѓаните.
Владините претставници и амбасадорите на Политичко- безбедносниот комитет на Европската Унија од Брисел разговараа и за безбедносните предизвици во регионот, Европа и светот. Претставниците од Владата нагласија дека времето на нови карти и нови граници на Балканот е минато, дека државите од регионот имаат богато заедничко минато, но дека она што сега ги поврзува е нивната заедничка иднина за која цврсти гаранти се евро-атлантските интеграции.
Во врска со прашањето со миграциската криза, поздравена е определбата тоа да се решава во согласност со ставовите на ЕУ, а истовремено поздравен е и ставот на Македонија против светскиот тероризам и радикален екстремизам и учеството на земјата во мировните мисии, со што нашата држава заедно со демократскиот свет се позиционира на страната на мирот.
Заев на средбата беше придружуван од заменик-претседателката на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик-претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.