Македонија
Полицаец им го попречуваше пристапот на новинарите до Мијалков

Полицаец вработен во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари при излегувањето од притвор на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, вечерва туркаше новинари и сниматели, со што ги попречи во вршењето на својата работа.
Тој во моментот кога Мијалков излегуваше од капијата на затворот излезе пред него, па со викање и туркање им ги тргаше микрофоните на новинарите што поставуваа прашања.
На реакцијата од страна на новинарските екипи тој продолжи со своето однесување викајќи: „Тргнете се, тргнете се ајде“ не одговарајќи на прашањата дали навистина е неопходно такво туркање.
Претходно, истиот полицаец молчеше и дозволи обезбедувањето да го паркира автомобилот на Мијалков веднаш до капијата.
Иако присутните новинарски екипи побараа објаснување зошто ексдиректорот на УБК е привилегиран во тој поглед, полицаецот не одговори.
Тој и неговите колеги молчеа и на прашањата дали на сите затвореници им се дозволува вака да се паркираат кога го напуштаат затворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денес сончево време со температура до 28 степени

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.
Во Скопје, сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Македонија
Колони возила и утрово на граничниот премин со Грција

Големи колони има и утрово на граничниот премин со Грција, на излез од државата.
Од АМСМ велат дека времето на чекање на „Богородица“ е околу 30 минути. Зголемена фреквенција на возила, рано утринава имаше и на „Табановце“.
Гужвите наа грчката граница почнаа од вчера, со оглед на тоа што денешниот 1 Мај е неработен ден, а дел од граѓаните го поврзаа празникот се претстојниот викенд.
Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.