Македонија
Полицајците в понеделник на марш низ Скопје за враќање на достоинството во полицијата
В понеделник Независниот синдикат на полицијата (НСП) најави тричасовен синдикален марш низ центарот на Скопје за враќање на достоинството во полицијата. Зборно место за маршот е паркингот пред Македонската радио телевизија во 9.30 часот од каде со возила полицајците ќе се поминат покај ТЦ „Мавровка“, преку мостот „Гоце Делчев“ до Владата. Тука е предвидено застанување од 15 минути, за, како што најавуваат, изразување револт, а потоа преку булеварот „Св. Климент Охридски“ ќе продолжат до улицата „Јордан Мијалков“. Таму ќе ги паркираат возила и пеш ќе одат до главната капија на МВР за да одржат прес конференција.
„Целта на организирањето на синдикалниот марш со возила е игнорантскиот однос на Министерството за внатрешни работи на чело со министерот во врска со неспроведувањето на одредбите од Законот за работни односи и Колективниот договор на МВР на РМ во однос на репрезентативност на синдикат кој по сила ма закон има 20 отсто и повеќе членство на вработените“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Под мотото „Само кренат глас ќе се слушне, само крената глава гледа сонце“, Независниот синдикат ги повикува сите членови, сите вработени во МВР и сите симпатизери на НСП да дадат масовна поддршка во пораката која пред МВР ќе му биде испратена на министерот за внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.
Македонија
Утре без вода дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарната Илинден
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (19.02.2026) поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.(општина Чаир)

