Македонија
Полицијата во шест града контролира лица што се во изолација, во Скопје има 173 такви случаи
Полицијата обезбедува 173 лица само во Скопје, кои се во домашна изолација. Во изолација се и жители на Тетово, Охрид, Битола, Куманово, Струмица.
Досега контролирана е работата на 243 угостителски објект, за кои, според мерките од Владата, има посебни правила на работа.
Ова на прес-конференција го соопшти техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, информирајќи дека поднеле и две кривични пријави за лица од Струмица и Тетово, кои, наместо во самоизолација, ги напуштиле своите домови.
„СВР Битола обезбедува 13 лица што се во домашна изолација. Во Тетово 16 лица се обезбедуваат, кои исто се во домашна изолација, при што е забележано едно прекршување на мерката за што е запознаено ОЈО Тетово и се работи на расчистување на случајот. СВР Охрид спроведува мерка за 82 лица, кои се под здравствен надзор и домашна изолација, а контролирани на територија на СВР Охрид се вкупно 131 угостителски објект. СВР Струмица обезбедува 12 лица, кои се под мерка здравствен надзор, едно лице ја прекршило забраната за што се преземени мерки од полицијата и е поднесена пријава до Обвинителството. СВР Куманово обезбедува шест лица, од кои, поради место за престој, две се на територија на СВР Скопје. СВР Куманово изврши контрола на 40 угостителски објекти и не е утврдено прекршување. СВР Штип обезбедува осум лица, кои се под мерка домашна изолација“, соопшти министерот за внатрешни работи.
Најави и ригорозни контроли за сите што се во самоизолација со цел да се провери дали ја почитуваат мерката.
„МВР ќе спроведува ригорозни контроли за да се утврди дали лицата што имаат ваква наредба ја почитуваат. Доколку се утврди непочитување, тогаш ќе биде поднесена соодветна пријава по член 205 и 206 од Кривичниот закон, а тоа се пренесување заразна болест и непостапување по здравствени прописи во време на епидемија“, рече Чулев.
Тој инфрмира дека МВР отстапило возила за армиските службеници за да постапуваат во кризните региони.
Чулев рече дека било асистирано и за спроведување странски државјани, кои биле заглавени на странски територии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби
Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по апсењето на екс-вицепремиерот и еден од првите луѓе на ДУИ, Артан Груби.
„Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв за тоа што не знаат за што се е подготвен да прозбори Артан. Откако катастрофално изгуби ДУИ на локалните избори и паднаа во вода сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводен влез во Влада, на Артан не му останува ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови. Но кој се ќе оди курбан заедно со него допрва ќе видиме“, се вели во реакцијата.
Македонија
Со само 𝟣𝟢𝟢 денари до нов автомобил!
Кога среќата се бара и чудата се можни – доказ за ова е инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија. Со симболичен влог од само 100 денари, секој играч има единствена можност да стане добитник на еден од седумте Ford Focus Titanium, на еден од седумте Ford Kuga ST Line X или на различни парични добивки.
Титаниумската среќа веќе ја почувствуваа добитници од различни градови низ државата. Тие денес уживаат едно поинакво искуство зад воланот. Возењето за нив значи сигурност и нова енергија, но и радост и возбуда. Првата добитничка на премија од „Титаниум“ доаѓа од Штип и го освои автомобилот Ford Kuga, а добитничка од Скопје доби Ford Focus како роденденски подарок. Токму ваквите моменти и доживувања ја претвораат играта во магија.
„Титаниум“ не е само инстант лоз – тој е симбол на надеж и верба во чуда. Секое гребење е потсетник дека животот може да донесе убави изненадувања тогаш кога најмалку ги очекуваме. Но и доказ дека треба да веруваме во нив.
„Титаниум“ може да биде и оригинален подарок за најблиските со ковертите „Среќа плус“ на Државна лотарија. Замислете, со еден мал знак на внимание може да донесете голема радост и незаборавни моменти на оние што најмногу ги сакате.
Секој лоз „Титаниум“ крие можност за убав пресврт, а можеби токму во вашите раце е следната добитна приказна. За само 100 денари може да ја почувствувате возбудата. Не дозволувајте среќата да помине покрај вас, таа е под прстите. Купете го „Титаниум“, изгребете и бидете следниот добитник.
ПР
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.

