Македонија
Полицијата разби криминални групи од Грчец и Арачиново – 12 приведени, запленети автомобили, оружје и дрога
Десет лица од скопските села Грчец и Арачиново се уапсени во големата полициска акција која започна денеска во пет часот наутро, а запленети се и автомобили, оружје и дрога.
Како што информираат од МВР, координираната акција на полицијата била насочена кон лица можни членови на криминални групи кои делуваат на подрачјето на Скопје, а по документирани кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „загрозување на сигурноста спрема службено лице“, како и сомненија за вмешаност во кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги…” и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје…“.
Во рамки на акцијата биле извршени претреси на 34 локации во Ѓорче Петров, Грчец, Ченто, Арачиново, Чаир, Бутел, Визбегово, Бардовци, Студеничани и Центар со цел обезбедување и пронаоѓање на докази за извршени кривични дела.
При претресите биле пронајдени и одземени автомобили, пиштоли, пушки, рамки за муниција и муниција, куршуми од различен калибар, панцири, лаптопи, мемориски стикови, опрема за видео надзор, мобилни телефони со сим картички, пари во различни апоени, прашеста материја и др.
Уапсени се десет лица на возраст од 56 до 28 години, жители на селата Арачиново и Грчец. Станува збро за Ф.Л.(47) од Грчец, М.Љ.(38) од Грчец, Е.П.(43) од Арачиново, Б.А.(34) од Арачиново, Ш.М.(28) од Арачиново, Ш.М.(34) од Арачиново, Ќ.Љ.(28) од Грчец, Н.С.(56) од Грчец, И.С.(29) од Грчец и Ј.С.(30) од Грчец.
Исто така, при преземање на дополнителни мерки и активности, пред да започнуе акцијата, вчера во 21:20 часот на улицата „Јадранска Магистрала“ бил уапсен 27-годишник од село Крушопек, за кој било утврдено дека се бара по централна потерница за издржување на казна затвор.
Воедно, во текот на вечерта полицијата го пронашла и предала во притвор лицето С.И.(27) од Скопје, кај кого претходно, во неговиот дом на улица „Македонска преродба“ биле пронајдени 1,5 килограми марихуана.
Од МВР порачуваат дека активностите во борбата против тешки кривични дела со елементи на насилство ќе продолжат и во иднина, со поголем интензитет и зајакнати мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

