Македонија
Полицијата утрово го уапси Стевчо Јакимовски
Полицијата по налог на јавен обвинител утрово го уапси лидерот на партијата ГРОМ и ексградоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, како дел од нова истрага, дознава „Макфакс“.
Јакимовски утрово треба да биде изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд, каде што за него ќе се бара притвор.
Поранешниот градоначалник и лани во август беше уапсен. Финансиската полиција кај Јакимовски истражуваше во врска со три тендери, од кои два за општинските бараки и еден за плоштад во Жданец.
Повеќе информации за истрагата се очекуваат во текот на денот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди, температура до 10 степени
Утрото ќе биде облачно, во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во текот на денот со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Следува период на стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h).
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
26.12.2025 година (петок) :
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците на ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на ул. Јуриј Гагарин бр. 57. (Општина Карпош)
Македонија
Без вода делови од Карпош
Без вода денеска ќе останат дел од корисниците во Карпош.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 26.12.2025 година ( Петок ) поради водоводен приклучок на ф 90 мм на ул Ванчо Мицков бр.39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Ванчо Мицков, од 09:00, до завршување на работните обврски.(општина Карпош)“, соопшти РЦУК.

