Македонија
Попладнево блокирани неколку улици поради протести
Скопската полиција соопшти дека поради одржување протест, денеска, со почеток од 14 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот кај крстосницата помеѓу булеварот Никола Карев и улицата Прохор Пчињски во Скопје.
Исто така, со почеток од 16 часот, поради одржување протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Имено, трасата на движење на маршот ќе се одвива од Министерството за животна средина на улицата Филип Втори Македонски кон Собранието на РСМ на улицата 11 Октомври, право по улицата Димитрие Чуповски, десно по улицата Васил Главинов и право по булеварот ВМРО до Владата на РСМ на булеварот Илинден“.
Полицијата апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека во недела (19.01.) по повод верскиот празник Водици, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром.
Така, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ на потег од крстосница со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосница со улицата „11-ти Октомври“ во двете насоки.
Во општина Кисела Вода за сообраќај ќе бидат затворени улиците „14-ти Декември“ и дел од улицата „Христо Татарчев“ до салата „Расадник“.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, булеварот „Партизански Одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“, потоа улицата „Ѓорче Петров“ до улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, улицата „Козле“, дел од улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.
Македонија
Мицкоски патува на инаугурацијата на Трамп, Владата објави кој ќе го придружува
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски од утре па во наредните неколку дена ќе присуствува во САД.
Премиерот коj ќе биде придружуван од Министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков во Вашингтон ќе присуствуваат на инагурациската церемонија на новиот американски претседател Доналд Трамп.
Меѓудругото, како што информираа од владината прес-служба, делегацијата предводена од македонскиот премиер Мицкоски ќе присуствува и на свеченоста насловена „Гласови на слободата“ која ќе се одржи по инаугурацијата организирана од компаниите „Трамп медиа“ и „Рамбл“.
Очекувањата се дека за време на престојот премиерот Мицкоски ќе оддржи повеќе билатерални средби, контакти и средби со повеќе луѓе од новата администрација на американскиот претседател.
Исто така Мицкоски ќе има средба и со бизнисмени со македонско потекло каде ќе стане збор за економска соработка и можни домашни инвестиции.
Македонија
ДУИ: Повеќе деца ги загубиле своите животи во последните шест месеци отколку во изминатите години
Здравството е основа на секое праведно и напредно општество. Кога децата, најранливиот и највреден дел од нашето општество, се во ризик, мора да застанеме и да размислиме. Фактот дека повеќе деца ги загубиле своите животи во последните шест месеци отколку во изминатите години треба да биде аларм за сите нас, велат од ДУИ.
„Секој од тие изгубени животи претставува предвремено прекината судбина и неизмерна болка за семејствата кои ги изгубиле своите најмили. Јасно ни е дека постојат предизвици, но никој не може да прифати здравството да се деградира до таа мера што родителите влегуваат во болници со надеж, а излегуваат со скршени срца. Ова не е прашање на партии или политика. Ова е човечки повик. Нашите деца заслужуваат најдобра грижа. Семејствата заслужуваат сигурност и достоинство кога бараат медицинска помош“, се додава во соопштението на ДУИ.
Оттука апелираат до Министерството за здравство и сите засегнати институции да преземат итни чекори.
„Секој ресурс мора да се насочи таму каде што е најпотребен – во спасување животи и подобрување на условите за нашите најмлади пациенти.Зашто ниту еден родител не треба да ја доживее болката од загубата на своето дете, и ниту едно дете не треба да ја изгуби својата шанса за живот. Ова е момент кој бара размислување и акција“, се додава.