Македонија
Попладне облачно време со услови за дожд

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови во западните делови ќе се зголеми облачноста и ќе има услови за појава на локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР.
Наутро ќе биде доста свежо. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 26 степени.
Од денеска следува период со повремено зголемена облачност. Во попладневните и вечерните часови, особено утре и в среда, ќе има појава на локален дожд и ретки грмежи позастапени во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер најинтензивен за време на викендот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.
Македонија
СДСМ: Кај Мицкоски се гледа паника од растечкото незадоволство кај граѓаните

„Изјавите на Мицкоски за „успешна влада“ и „реформи“ не се ништо друго освен обид да се прикрие растечкиот страв од падот на рејтингот и гневот кој се акумулира кај граѓаните поради неспособноста и хаосот што оваа власт го создаде. Смета ли Мицкоски навистина дека граѓаните не гледаат што се случува“, прашуваат од СДСМ.
„Дека ќе поверуваат дека нема корупција, додека институциите се претвораат во партиски испостави? Дека ќе поверуваат во реформи, додека најважните ветувања од програмата останаа на хартија?
Владата нема со што да се пофали, па сега преку лажна помпа се обидуваат да го деморализираат нардот да ги казни на изборите.
Попусто се обидува Мицкоски да создаде илузија на поддршка која одамна ја нема. Вистината е болна за ВМРО-ДПМНЕ, по само една година владеење, народот е разочаран, ветените промени не постојат, а секојдневието на граѓаните е сè потешко.
Гледаме институционален хаос, партизација без срам, нула реформи во правдата, афери без разрешница и молк за сите скандали кои ги тресат институциите.
Во ваква состојба, Мицкоски може да повторува колку сака дека нема корупција и дека владата функционира стабилно, но народот не живее во наративот на премиерот, туку во реалноста што ја создаде неговата неспособна влада. И таа реалност е сурова.
Изјавите на Мицкоски не се израз на сила, туку одраз на паника. Паника поради изгубената доверба, растечкото незадоволство и се појасната порака од граѓаните, ова не е промената што ја очекуваа“, соопштуваат од СДСМ.