Македонија
Студено време со дожд и снег на планините
Според прогнозата на УХМР, од денеска во пладневните часови до ноќта кон понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои од повисоките места особено во западните делови, врнежите ќе бидат од снег. Особено во недела и понеделник во Повардарието ќе засилува северен ветер, а на почетокот на неделата утринските температури ќе бидат значително пониски.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро со услови за магла или ниска облачност по котлините.
Од пладневните часови од запад ќе се прошират повремени врнежи од дожд, а на планините, особено во западните делови, врнежите ќе бидат од снег. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје умерено до значително облачно од пладневните часови со услови за краткотраен дожд во делови од котлината.
Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

