Македонија
Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени. УВ=7
Во Скопје околу пладне и попладне променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. T=30 °C, P= 974 hPa, U= 52 %, V= 3 m/s.
До петок времето ќе биде сончево и многу топло, со пораст на дневната температура. В петок и за време на викендот ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради уличен дефект ф-100 мм на улицата Христо Татарчев 22/4, во општина Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, односно крак 22.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на интервенцијата.
Наведената улица нема да биде проодна за сообраќај.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Oд 06:30 до 13:00 часот, дел од с.Сарај ул.4 – пат за с.Љубин кај кафе Лозана. (Општина Сарај)
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.Лазар Трповски зграда бр.1 бр.5 кои се до ТС Лазо Трповски. (општина Чаир)
· Oд 09:00 до 15:30 часот,с.Патишка Река, викендици Патишка Река и викендици Држилово.(општина Сопиште)
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Наум Чакаров бр.1-5 и ул.Борис Сарафов бр.105-121.(Општина Ѓорче Петров)
· Oд 12:00 до 13:00 часот, дел од ул.1 во с.Побожје, пат кон Бутел. (Општина Чучер Сандево)
Македонија
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска, претпладне сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 24 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со повремени врнежи од дожд и грмежи.