Македонија
Поповска: Македонија е мала земја за отворање нови рудници
По прес-конференција на Македонската асоцијација за рударство (МАР), која апелира да не се носат измените на Законот за минералните суровини по скратена постапка, туку да се организира јавна дебата, пратеничката од ДОМ, Лиле Поповска, вели дека од МАР изнеле многу дезинформации и невистини. Според неа, измените на Законот не се лоши ниту штетни.
„Ние бараме финансиска гаранција за евентуални еколошки штети, продолжување на дебатата за јавнота да биде подобро информирана. Иако претседателот на МАР, Николајчо Николов, тврди дека законот се носи набрзина, тоа не е точно бидејќи осум месеци траеше расправата, а имаше и сугестии. Од предлозите беше констатирано дека со измените не треба да бидат вклучени сегашните рудници. Иако од МАР велат дека нема загадување, има многубројни студии што покажуваат колку штетно влијаат рудниците. Македонија е премногу мала за отворање рудници“, рече Поповска.
Претходно, Николов рече дека тенденциозно се туркаат измените на законот и апелира пратениците добро да размислат дали треба да се поддржат измените. На ова Поповска го праша зошто МАР има потреба да изнесува невистини и манипулации, односно праша дали Николов е заинтересиран за некоја од 80-те концесии за отворање рудници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

