Македонија
Поповски: Владата е прва во регионот којашто има стратешки план за борба против лажните вести
Сајбер и хибридните закани, пропагандата, дезинформациите и лажните вести се глобален проблем и имаат потенцијал да го поларизираат јавното мислење, да промовираат насилен екстремизам и говор на омраза, истакна министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на 4. Регионална конференција за координирана превенција од безбедносни ризици во Југоисточна Европа, денеска во Трст, Италија.
„Во таа насока е апсолутно важно да се има стратегија и акциски мерки за кибербезбедност. Тие треба да обезбедат сигурно, безбедно и доверливо дигитално опкружување, поддржано од квалитетни капацитети, кои се базираат на доверба и соработка во полето на кибербезбедноста – потенцираше Поповски.“
Министерот посочи дека нашата земја во изминатите две години во повеќе наврати се соочи со киберзакани и со значително ширење на дезинформации и го презентираше последниот детектиран хибриден напад врз премиерот Зоран Заев, од страна на хибридни центри за манипулација преку злоупотреба на идентитетот на Грета Тунберг.
„Ваквите хибридни Deep Fake напади врз демократските влади имаат цел да ги затворат и уплашат отворените општества. Тие се закана за транспарентните влади. Но, Владата на Република Северна Македонија нема да престане да биде отворена и транспарента во комуникацијата. Напротив, ние ќе ја зголемиме активната транспарентност на сите владини институции’’ – истакна министерот.
Понатаму во своето обраќање Поповски говореше за владиниот предлог-план за борба против дезинформациите и нападите врз демократијата.
„Како одговор на овие киберзакани и согласно заложбите за отвореност, отчетност и транспарентност, Владата на Република Северна Македонија е прва влада во регионот, вклучувајќи ги Бугарија и Грција, којашто има стратешки план за борба против лажните вести. Нашата цел е да ги зајакнеме националната безбедност и сигурноста на граѓаните и да ја браниме и унапредуваме демократијата“.
Во завршницата на воведното обраќање министерот потсети дека во јули оваа година на Глобалната конференција за слобода на медиумите во Лондон, Република Северна Македонија стана потписник на Глобалната заложба за слобода на медиумите, со којашто над 100 земји потписнички формираа Коалиција за поддршка на слободата на медиумите и се обврзаа да дејствуваат заедно за заштита на слободата на медиумите и новинарската професија.
„Пред нас е голем предизвик. Јас сум сигурен дека со заедничка соработка и со организиран фронт за борба против киберзаканите и лажните вести, ќе најдеме начин да ги заштитиме граѓаните и од ова зло ‘’– додаде министерот Поповски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

