Македонија
Поповски-Дезир: Блокирањето на донесувањето на законот од страна на опозицијата ги попречува очекуваните медиумски реформи
Владата на Република Македонија во предвидениот рок, во согласност со итните реформски приоритети од планот 3-6-9, ги донесе измените на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги уште пред една година и ги пушти во Собранието на Република Македонија, нагласи министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност во Владата на Република Македонија, Роберт Поповски, на денешната средба со претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир, во придружба на новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во нашата земја, амбасадорот Клеменс Која.
За жал, како што истакна Поповски, пратениците на опозицијата во Собранието упорно ја одлагаат расправата за донесување на новиот закон и со тоа го усложнуваат и проблематизираат целиот процес за темелни медиумски реформи, особено оние најзначајните кои се однесуваат на МРТ и на Агенцијата за аудио аудиовизуелните медиумски услуги.
Претставниците на ОБСЕ на состанокот покажаа интерес за неколку прашања поврзани со медиумите, со посебен акцент на постапката за донесување на новиот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за прашањето на статусот на онлајн-медиумите во медиумската регулатива и за мерките за заштита од лажните вести, како и за безбедноста на медиумските работници во професионалното извршување на својата работа.
Во однос на регулативата на онлајн-медиумскиот простор, Поповски нагласи дека Владата на РМ ги следи најдобрите европски практики во оваа сфера и дека дополнително овој став е заземен по широките и темелни консултации со организациите на медиумската заедница во земјата како насока дека интернет-просторот треба да остане слободен.
Министерот Поповски додаде дека во таа насока ја смета саморегулацијата како извор за најдобри практики во овој дел и дека токму принципите на саморегулација се најдобрата алатка за борба против лажните вести.
Во однос на безбедноста на извршувањето на професионалната работа на медиумските работници, министерот Поповски потенцира дека Владата на РМ останува на ставот нула толеранција за секој обид за загрозување на безбедноста на новинарите и другите професионалци во медиумската заедница.
Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир, на средбата изрази задоволство што му се укажа можност за медиумските реформи да разговара со министерот Поповски и ја нагласи заложбата на ОБСЕ да остане во тесна соработка со Владата на РМ во спроведувањето на овие реформи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

