Македонија
Поповски: Наша главна цел останува професионално новинарство ослободено од влијанија на центрите на моќ
Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на вториот ден од Меѓународната конференција за слободата на медиумите, којашто се одржува во Лондон учествуваше на тркалезната маса „Кампања за слобода на медиумите: кон 2020 – одржување на влијанието“.
На оваа сесија претставници на Обединето Кралство и на Канада заедно со претставници на интернационалните организации дискутираа за иницијативите од Конференцијата и генерираа идеи за мултиралетарална соработка. Исто така, тема на дискусија беше идејата за формирање на коалиција којашто ќе ги следи случувањата во секоја земја на полето на безбедност на новинарите.
Исто така, министерот Поповски денеска имаше и свое обраќање во рамките на Националните изјави.
„Професионалното, квалитетно новинарство останува главна цел на Република Северна Македонија. Новинарство кое се спротивставува на влијанијата на центрите на моќ. Северна Македонија целосно ја почитува слободата на говорот и на медиумите, гарантирани со повелбите за човекови права“, рече тој.
Поповски рече дека Северна Македонија има донесено законска регулатива за транспарентна постапка за избор на Совет на јавни радиодифузни служби и Советот на Агенцијата за медиуми, којашто, како што рече, гарантира реформа, независност од која било партија и ослободена од какво било влијание.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

