Македонија
Поради магла, намалена видливост на патиштата до 50 метри

Намалена видливост до 50 метри, поради појава на магла, има на патните правци Тетово – с. Гајре, Павлешници, кула – Катланово, а со видливост до 100 метри на Страцин, Крива Паланка, Тетово и Гостивар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Центар, Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, дел од ул. Мирослав Крлежа и дел од ул. Ленинова, реон кај кафе Правда, општина Центар;
– Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, дел од Булевар Партизански Одреди од библиотека кон ул.Лениново, општина Центар;
– Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, дел од објектите со парни броеви од ул. Иван Цанкар и ул. Вангел Дину, како и дел од објектите со непарни броеви од ул. Франце Прешерн, општина Карпош;
– Во периодот од 09:00 до 14:30 часот, дел од корисниците на ул. Осло и ул. Будимпештанска, општина Карпош;
– Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, ул. Киро Фетак-1, општина Кисела Вода.
Македонија
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ во официјална посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе биде домаќинка на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.
Хрватскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателката, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и хрватската делегација.
Во рамки на посетата, претседателот на Република Хрватска ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради уличен дефект ф-100 мм на улицата Васко Каранѓелевски 38, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот Јане Сандански, односно парните броеви од 34 до 64.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.