Македонија
Поради пожарот затворен во двата правци патот Неготино-Штип кај Пепелиште

Од 16:15 часот на регионалниот пат Р1103 Неготино – Штип, кај сeлото Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци, поради безбедност на учесниците во сообраќајот, соопшти АМСМ.
Од тука велат дека причина е активниот пожар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Здравјето на повредените во пожарот во Кочани да е врвен приоритет, препорака од Лекарската комора

Лекарската комора ја поздравува „навремената реакција на надлежните институции во нашата земја, како и срдечната помош и поддршка што ја даваат другите држави со згрижување на најтешко болните пациенти повредени во пожарот во Кочани“.
Овој начин на организација, според нив е клучeн зa пациентите да добијат вистинска шанса со соодветна и високо стручна медицинска помош да ја надминат тешката здравствена состојба во која се наоѓаат.
Оценуваат дека поддршката што ја добиваме од другите држави, како со згрижување на пациентите, така и со лекарска експертиза, заедно со посветената работа на нашите доктори е најважна во овие моменти за да се спречи да расте бројката на трагично загинати.
Лекарската комора, исто така, апелира да се почитуваат медицинските протоколи за лекување и заштита на ваков тип на пациенти, кои предвидуваат изолација и забрана за посети.
„Мора да се има предвид дека овие болни имаат мултисистемско засегање на организмот и зголемен ризик од инфекции. Секој дополнителен контакт со надворешни лица, директно и сериозно, може да го загрози нивното здравје. Присуството на цивилни лица кај овие болни, исто така, може да предизвика и непотребен стрес и вознемиреност, како и да го попречи работењето на медицинскиот персонал“.
Ги повикуваат сите институции, политичари, медиуми, граѓани и здравствени работници да ги почитуваат медицинските протоколи, а здравјето на повредените да го сметаат за највисок приоритет.
„Веруваме дека со таков однос ќе се постигне поголема доверба кај јавноста, отколку со непотребни директни посети на болните“, истакнуваат од Лекарската комора.
Македонија
За Марибор тргна и вториот авион, кој носи уште двајца пациенти од пожарот во Кочани

Денеска беа пренесени уште двајца повредени од трагедијата во Кочани на лекување во Марибор, соопшти Амбасадата на Словенија.
„Со тоа Словенија ја исполнува својата заложба за помош и солидарност со погодените.
Северна Македонија побара помош преку механизмот на Унијата за цивилна заштита“, е објавено од страна на Амбасадата на Словенија.
Македонија
Во близина на дискотеката во Кочани имало склад за нафта

Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“ каде што во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.
Оваа информација денеска ја потврдија и од Обвинителството.
„При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат“, информираа од Обвинителството.
Од таму соопштија и дека до овој момент Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 лица. Предлозите се прифатени и мерката е определена за сите 16.