Контакт

Македонија

Поради посетата на папата, контејнерите во Центар ќе бидат дислоцирани

Објавено пред

Во пресрет на утрешната посета на папата Франциско контејнерите во поголемиот дел од општина Центар вечерва ќе бидат дислоцирани и ќе бидат вратени на своите места утревечер во 22 часот. ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелира до граѓаните во меѓувреме да се воздржат од исфрлање на комуналниот отпад.

dobivaj vesti na viber

„ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје ги информира граѓаните од општина Центар дека во пресрет на утрешната посета на папата Франциско ќе бидат спроведени безбедносни мерки кои налагаат привремено дислоцирање на садовите за исфрлање на отпадот. Вечерва околу 22 часот ќе бидат дислоцирани контејнерите на 45 локации на следните булевари и улици: Гоце Делчев, Св. Климент Охридски, Мајка Тереза, Даме Груев, Филип Втори, ВМРО, Орце Николов, Митрополит Теодосиј Гологанов, Кирил и Методиј, како и на Кеј 13 Ноември. Дислоцираните садови за исфрлање на отпадот ќе бидат вратени на своите локации околу 22 часот утревечер, 7 мај“, соопштија од јавното претпријатие.

Скопје

Делови од Кисела Вода и Илинден утре без струја, делови од Центар и Гази Баба без вода

Објавено пред

Дел од корисниците на улицата Киро Крстевски Платник во општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без водоснабдување поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од 80 милиметри на улицата Киро Крстевски Платник број 6.

dobivaj vesti na viber

Поради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од 80 милиметри на улицата 36 бр. 12 во село Трубарево утре од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од селото Трубарево, општина Гази Баба.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, корисниците ќе бидат без водоснабдување се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не завршат со интервенциите.

Дел од корисниците од улицата „Саса“ во населбата Пинтија во општина Кисела Вода утре од 8:30 до 12:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 15:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата Христо Татарчев, подулица број „13“ во истата општина, а од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улицата 500 на потегот од број 24 до број 45 во село Марино, општина Илинден.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани зафати во електродистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Прикажи повеќе...

Македонија

ТАВ Македонија и МВР покажаа како се справуваат со заканите на аеродромот

Објавено пред

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, и Министерството за внатрешни работи денеска успешно реализираа вежба за итни ситуации и вонредни состојби на Меѓународниот Аеродром Скопје.

dobivaj vesti na viber

Денешната вежба за симулација на вонредна состојба имаше за цел да ги тестира во реално време одговорот и ефикасноста на плановите за итни ситуации и оперативниот план за постапување во вонредни состојби предизвикани од дејствија на незаконско постапување, координацијата, комуникацијата и подготвеноста на сите засегнати страни и да осигури дека се исполнети највисоките стандарди за безбедност и сигурност.

За време на вежбата, организирана од страна на аеродромскиот оператор, ТАВ Македонија, сите засегнати оддели на Меѓународниот Аеродром Скопје, и Министерството за внатрешни работи, а поддржани и во соработка со националните служби за одговор при итни ситуации и вонредни состојби предизвикани од дејствија на незаконско постапување, беше симулирана вонредна состојба со пратка од висока вредност, заложници и експлозија со импровизирана експлозивна направа, проследена со пожар во затворен простор во приемниот магацин при Карго центарот на ТАВ Македонија. Вежбата овозможи реална, практична можност за проценка и евалуација на координацијата за брз одговор и ефективноста на меѓуинституционалната координација меѓу одделите на скопскиот аеродром, Министерството за внатрешни работи, локалните и националните служби за итни ситуации и вонредни состојби и другите засегнати страни и чинители.

„Денес сме сведоци на заедничка вежба на аеродромските безбедносни служби на ТАВ Македонија и специјалните полициски сили при МВР – настан од исклучително значење за безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје и патниците. Со оваа вежба демонстрираме подготвеност, координација и професионализам во справувањето со потенцијални закани. Високото ниво на обука, брзината на реакција и соработката меѓу службите се клучни за заштита на аеродромската оперативна безбедност и обезбедувањето на воздухопловството. Ова не е само тренинг – ова е залог за сигурност, доверба и успешна превенција. Благодарност до сите учесници за нивната посветеност и професионалност. ТАВ Македонија продолжува да инвестира во обука и модернизација за да ги одржиме највисоките стандарди на безбедност“, изјави Перо Лупевски, заменик генерален директор за операции на ТАВ Македонија.

„Преку симулацијата на сценарио на заложничка криза, практично ги тестираме капацитетите на институциите на национално ниво, а исто така го тестираме нивото на подготвеност и брзината на реакција на службите, на владините институции како чинители и на аеродромскиот оператор ТАВ Македонија. Вежбата се одвиваше на исклучително професионално ниво, со соодветна брзина и реакција. Безбедноста на вакви витални инфраструктурни објекти и на секој поединец е од круцијално значење за нас како полиција, бидејќи со сето тоа, со зајакнување и почитување на протоколите за оваа проблематика и нивната имплементација, нѐ мапира нас како држава, но и аеродромот, на високо ниво европско па и светско ниво“, изјави Александар Јанев, директор на Бирото за јавна безбедност.

Вежбата која опфати сложена вонредна состојба предизвикани од дејствија на незаконско постапување, со потенцијална безбедносна закана, има за цел тест на сите засегнати страни за брза реакција и одговор, медицински тимови, кризни комуникации и протоколи за безбедност и обезбедување, и оценка на ефикасноста на плановите за итни ситуации и вонредни состојби на аеродромот, протоколите за комуникација и координацијата меѓу повеќето учесници.

Оваа редовна целосна вежба за реакција при итни ситуации и вонредни состојби е дел од посветеноста на ТАВ Македонија за почитување на регулаторните барања и континуирано подобрување на стратегиите за управување со кризи. Согледувањата добиени од вежбата ќе се искористат за усовршување на програмите за обука, ажурирање на процедурите за итни ситуации и вонредни состојби, дополнително подобрување на безбедноста и обезбедувањето на патниците и персоналот и зајакнување на соработката и координацијата со Министерството за внатрешни работи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јанев: Секој возач е потенцијална „жртва“ доколку не ги почитува сообраќајните правила

Објавено пред

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најави дека се размислува за комбинирање на повеќе мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот, а во исто време се преземаат активности за имплементација на системот „Безбеден град“. Системот, кој е во фаза на подготовка, ќе биде поддржан од нови законски измени кои се во владина процедура, а истовремено се вршат проверки за неговата функционалност.

dobivaj vesti na viber

„Не можеме да игнорираме дека се додека не ги почитуваме сообраќајните правила, без разлика на присуството на сообраќајни патроли, секој од нас е изложен на опасност“, изјави Јанев, реагирајќи на последните сообраќајни несреќи со жртви што се случија во изминатата недела.

Тој истакна дека во урбаните средини, каде што контролите се зајакнати, се намалил бројот на сообраќајни незгоди и прекршоци. Притоа, зголемен е бројот на детектирани прекршители, што укажува на позитивни ефекти од применетите мерки. Но, како што истакна, суштината лежи во промена на сообраќајната култура.

„Затоа што, ако не ги почитуваме сообраќајните правила, ние како учесници во сообраќајот, сме потенцијални жртви“, додаде Јанев.

Јанев објасни дека МВР има детектирано овој проблем уште пред појавата на актуелните сообраќајни инциденти. Тој најави дека се применуваат превентивни кампањи и рестриктивни мерки за безбедноста на сообраќајот, а дополнително ќе се зајакнат контролите преку „Безбеден град“.

Системот „Безбеден град“, кој веќе се подготвува, ќе вклучува технологија што ќе овозможи детектирање и санкционирање на прекршителите, а казни за прекршоци ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2026 година. Како што објасни министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во првите месеци граѓаните ќе добиваат предупредувања, а по влегувањето на системот во целосна функција, казните ќе станат законски обврзувачки.

„Системот ќе се прошири и на санкционирање на непрописно паркираните возила“, додаде Тошковски.

Директорот Јанев упати апел до сите учесници во сообраќајот, истакнувајќи дека сообраќајната култура и почитувањето на правилата треба да бидат на највисоко ниво за да се избегнат несреќи и загуби на животи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Јанев: Секој возач е потенцијална „жртва“ доколку не ги почитува сообраќајните правила

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најави дека се размислува за комбинирање на повеќе мерки за подобрување на...

Македонија2 часа

Василевска: ДУИ си вработи луѓе кои не одат на работа, а земаат плата, затоа глумат политичка жртва

Негативната селекција и позитивната дискриминација се два главни проблеми со кои македонското општество мора да се справи доколку сака вистински...

Топ5 часа

„БМВ“ удри во мопед, еден малолетник е тешко повреден, а другиот полесно

Еден малолетник е тешко повреден, додека друг добил полесни повреди откако во нив удрило „бмв“ додека тие биле на мопед....

Регион6 часа

Балканот ќе биде како под вршник, летото ќе биде пеколно, сушно и со екстремни бури

Балканот ова лето ќе се соочи со рекордно високи температури и екстремни временски услови. Долгорочните прогнози најавуваат топло лето и...

Свет7 часа

Во Сирија се случува масакр, над 1.000 лица се убиени за 48 часа

Повеќе од 1.000 луѓе, меѓу кои 745 цивили, се убиени во дводневните судири меѓу сириските безбедносни сили и борците лојални...

Македонија8 часа

Николоски: Стево троши си ја пензијата и не туку дели „ум“ на светските лидери

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, жестоко го нападна поранешниот претседател Стево Пендаровски, обвинувајќи го дека по десет месеци молк, сега...

Македонија9 часа

Утрото ќе биде студено, а денот со пролетни температури до 23 степени

Денешното утро ќе биде студено, но преку ден се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе...

Свет23 часа

Падна договор во Германија, Мерц ќе прави влада со партијата на Шолц

Германските конзервативци (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) ги завршија прелиминарните разговори за формирање коалициска влада, соопштија денеска партиските лидери. „Имаме...

Скопје23 часа

Марш за женски права во Скопје, жените бараат крај на дискриминацијата

Денеска во Скопје се одржа марш организиран од Платформата за родова еднаквост, со слоганот „Нека јадат ружи!“. Поводот беше Меѓународниот...

Свет1 ден

Жестока караница меѓу Маск и Рубио во Белата куќа, Трамп ја смирил тензијата

На последниот состанок на кабинетот свикан од американскиот претседател Доналд Трамп, дојде до жесток конфликт меѓу државниот секретар Марко Рубио...

Топ1 ден

Ужас во Скопје: Вонбрачен партнер фрлил жена и деца од возило кои 3 дена по ред ги тепал

39-годишна жена и нејзините две малолетни деца се здобиле со тешки телесни повреди во Аеродром, откако биле исфрлени од возило,...

Македонија1 ден

Мицкоски од Свети Николе: По 7 години пустош, конечно Македонија се гради

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Свети Николе порача дека Македонија влегува во фаза на обновување и развој, нагласувајќи дека по...

Свет1 ден

Трамп повлекува 35.000 војници од важна европска земја

Доналд Трамп размислува да ги повлече американските војници од Германија и да ги прераспореди во Источна Европа, со акцент на...

Свет1 ден

(Видео) Фицо: Значи, вие признавте дека тоа е закана за целата ЕУ

Земјите членки на Европската унија признаа дека прекинот на транзитот на гас преку Украина е проблем кој претставува закана за...

Топ1 ден

18-годишен возач пренесен во Скопје со сериозни повреди

18-годишниот Е.Е. од прилепското село Дебреште, управувајќи патничко возило „мерцедес“ на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, излетал од патот...

Македонија1 ден

СДСМ: „Грозје не сум пробал“ но „донеси папаја и манго“, Мицкоски се однесува како султан

Опозициската СДСМ и денеска остро ги критикуваше одлуките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потврдувајќи дека се работи за „најлажаната“ влада...

Топ1 ден

Стоматолог уценуван со видео клип за 5.000 евра од двајца напаѓачи

Основното јавно обвинителство во Скопје го истражува случајот на изнуда што се случил на 29 јануари, кога двајца осомничени, еден...

Македонија1 ден

СДСМ: Таравари преку „Ѓока” ќе им наплаќа паркинг на пациентите како да се во шопинг мол!

Вчерашните изјави на министерот за здравство, Арбен Таравари, и премиерот Христијан Мицкоски, го потврдија тоа што СДСМ го тврди –...

Македонија1 ден

Сончев викенд пред нас, време е за прошетки и уживање

Утрово температурите се пониски, но преку денот се очекува сончево и топло време со слаб до умерен јужен ветер. Минималните...

Свет2 дена

Македонија нема да испраќа војници во Украина

Северна Македонија во овој момент не е подготвена да испрати војници во Украина како дел од воена мировна мисија која...