Македонија
Поради стопанот ДУИ не се гласа разрешувањето заменик-министрите, ВМРО-ДПМНЕ не е проблем, реагираше Мицевски
Координаторот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски посочува дека ДУИ го блокираат гласање за разрешување на министрите, а со тоа и влезот на Алијанса на Албанците во Влада. Тој од собраниската говорница посочи дека пратениците на Али Ахмети не се во салата, па затоа не може да се гласа.
„Потпретседателе барам јавно сега да кажете дали има повеќе од 61 пратеник во салата? Исполнети се условите за точката да се стави на дневен ред, ама нашиот стопан ДУИ не е тука и не ни дозволува да гласаме, затоа ќе почекаме кога ќе дојдат тие и кога ќе се одважат, тогаш ќе ставиме на гласање ова што треба да се случи. Од сега натаму да не ве слушнам дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира изборот на Владата“, кажа Мицевски.
Тој повика да се стави точката за разрешување на министерот за информатичко општество на гласање. Но, Горан Мисовски продолжи со отворање на претрес по третата точка.
„Ајде и ние зборуваме дека оваа Влада во континуитет се што има сработено не чини, имаме доволен број на пратеници, да се стави на гласање, да се изгласа разрешување на министерот, белким новиот министер кој ќе дојде ќе покаже подобри квалитети и ова хакирање и ненавремените рекации кои ги прави Министерството за информатичко општество, ќе бидат решение. Ама вие не сакате да оставите бидејќи утре сабајле сакате да продолжите со пресовите дека ВМРО-ДПМНЕ блокира и дека не дозволуваме да се избере Влада“, додаде Мицевски.
Собраниската седница продолжува со дебата за разрешувањето на Џемаил Чупи кој е министер без ресор. Пратениците ќе работат и по 19 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

