Македонија
Поранешниот директор на Онкологија, Васев, ослободен од обвинение
Ексдиректорот на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и двајца доктори се ослободени од обвинението за несовесно работење во службата по поднесената кривична пријава од семејство на починат пациент во 2018 година.
Обвинетите Никола Васев, Игор Стојковски и Марија Симоновски се ослободуват од обвинението со оглед дека од изнесените докази во текот на потапката не е докажано делото што им се става на товар, рече судијката Славица Наумовски.
Јавната обвинителка Лидија Раичевиќ најави жалба пред второстепениот суд. Таа тврди дека кривичните дела се сторени и тројцата доктори заслужуваат осуда.
Предметот почна во 2021 година, а според обвинението на пациент со малиген меланом, три месеци во 2018 година не му била препишувана терапија на Клиниката за онкологија и починал по влошувањето на здравствената состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

