Македонија
Поранешниот претседател Иванов на средби со македонската дијаспора во Австралија
На покана на на Македонската добротворна организација од Австралија (MCWA), поранешниот претседател Ѓорге Иванов ќе биде покровител на неколку настани од добротворен и хуманитарнен карактер кои ќе се одржат овој и следниот викенд во Мелбурн и во Сиднеј.
Настаните се организирани од неколку организации на македонската дијаспора од Мелбурн и Сиднеј и се за поддршка на повозрасните лица од македонската заедница во Австралија.
„Поранешниот претседател Иванов со подршка на овие хуманитарни активности се очекува да ја подигне свеста за можноста да се помогне и придонесе за подобар третман на повозрасните лица од македонската заедница. Сите овие настани се поттикнати од фактот што австралиската влада веќе има започнато промени и воведено реформи за поддршка и нега на возрасни лица од сите заедници кои живеат во државата“, соопштија од Кабинетот на поранешниот претседател.
Покрај традиционалните вечери кои е планирано да се одржат на 22 февруари во Мелбурн и на 28 и 29 февруари во Сиднеј и Волонгог на кои што Иванов ќе има можност да се сретне со македонската дијаспора планирани се и повеќе активности како посета на училиште финансирано од Австралиската влада а во кое наставата се одвива на македонски и англиски јазик, посета на детска болница, посета на општината Витлеси и средба со градоначалничката од македонско потекло г-ѓа Емилија Лиза Стериовска, посета на седиштето на MCWA и средби со социјални групи, средби со преставници на македонската бизнис и академска заедница и уште неколку активности од хуманитарен карактер.
Посетата на Иванов на Австралија ќе заврши на 1 март, со средба со Македонците во Сиднеј на настан организиран од страна на фудбалскиот клуб Сиднеј Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

