Македонија
Поранешниот претседател Иванов се обрати во Обединетите Нации во Женева
Вчера поранешниот претседател Иванов се обрати во Обединетите Нации во Женева на Состанокот на високо ниво на Меѓународниот центар Низами Ганџави и Канцеларијата на ОН во Женева кој се одржа во периодот од 12-13 јануари 2023 во Женева, Швајцарија. Состанокот на високо ниво беше на тема ,,Собирајќи ги деловите: Предизвици за поправање на скршениот свет”, а претседателот Иванов се обрати на петтиот панел на тема ,,Мултилатерализам за спас”.
Претседателот Иванов во обраќањето истакна дека глобалните закани и глобалните кризи се индикатор дека се потребни фундаментални реформи на мултилатералните институции, а дека како најсуштествени се издвојуваат многуте предлози за промени на Советот за безбедност – предлози за нови постојани членки, користењето на правото на вето, двојните стандарди со цел за поголема инклузивност и ефикасност на Советот за безбедност. Претседателот Иванов нагласи и дека не изостануваат и предлози за промени на меѓународните финансиски институции и делови од глобалниот систем. Но, дека претставниците на државите повеќе се заинтересирани постојните мултилатерални институции да продолжат да функционираат, ако треба и на основно ниво, отколку да се реформираат затоа што, иако, тие се несовршени и делумно функционални, и како такви се повеќе корисни, отколку да ги нема.
Државите, покрај сè, мора да продолжат да соработуваат меѓу себе и да промовираат заеднички цели и да ги балансираат спротивставените интереси, потенцираше претседателот Иванов во обраќањето на панелот за мултилатерализмот.
На Состанокот на високо ниво во Женева учествуваа голем број поранешни претседатели на повеќе држави меѓу кои на Латвија Валдис Затлерс, на Србија Борис Тадиќ, на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, на Швајцарија Мишелин Калми Реј, на Бугарија Ресен Плевнелиев, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Латвија Раимонис Вејонис, на БиХ Младен Иваниќ, на Грузија Ѓорѓи Маргвелашвили, на Бугарија Петар Стојанов, и др. Иста така, на Состанокот учествуваа и повеќе поранешни премиери и министри од повеќе држави, како и поранешни претседатели на повеќе меѓународни организации.
На состанокот учествуваа и модерираа дел од дискусиите и највисоки претставници на Канцеларијата на ОН во Женева и ко-претседавачите на Меѓународниот центар Низами Ганџави, Исмаил Серагелдин поранешен заменик претседавач на Светска банка и основал на Александриската библиотека и Ваира Вике-Фрајберга поранешен претседател на Латвија. Учесници на Состанокот на високо ниво беа и поранешни високи функционери во рамките на институциите на ОН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

