Македонија
Посебен режим на сообраќај поради трката „Прв до врв“ во Скопје

Денеска со почеток во 09.45 часот, во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје, ќе се одржи спортско-рекреативна трка „Прв до врв“, со траса на движење на велосипедската трка со почеток од пред Музеј на град Скопје на ул.„Св. Кирил и Методиј“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“, во продолжение по бул.„Мајка Тереза“, лево по ул.„Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врвот на Водно („Милениумски крст“).
Трасата на движење на планинарите, пак, е со почеток од пред ОУ„Кочо Рацин“ на булеварот „Мајка Тереза“, право по ул.„Тодор Александров“ и кај ул.„Салвадор Аљенде“ десно, по ридско пешачките патеки кон Средно Водно, а од Средно Водно кон врвот на Водно („Милениумски крст“).
Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.Воедно, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Два полициски хеликоптери го гаснат пожарот во околината на Блаце

Денеска од 05.00 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за полициски намени бел 412 и агуста бел 212 се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце.
До овој момент исфрлени се повеќе од 30 тони вода и се уште активно оперираат.
Македонија
(Видео) Ангелов: Пожарот кај Блаце е делумно под контрола

Рано утрово по 5 часот e започнато со гасење на големиот пожар на отворен простор, којшто вчера во попладневните часови изби веднаш покрај патот, од Скопје кон Блаце. Овој пожар вчера навечер и во текот на ноќта се разви во голем пожар, при што зафати и делумно шума, извеси директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
„Рано утрово скопската противпожарна бригада со повеќе возила и екипи започна со гаснење, а како помош се придружија и два полициски хеликоптери, еден армиски хеликоптер, за прв пат еден Пинцгауер на ДЗС и еден Хермелин со поголема цистерна на ДЗС.
Покрај нив на лице место има поголем број пожарникари, пожарот е ставен под делумна контрола, за жал се уште имаме активни два краци, едниот предмалку е ставен под контрола благодарение на полицискиот хеликоптер“, соопшти Ангелов.
Тој најави повеќе информации во текот на денот.
Македонија
(Видео) Три хеликоптери го гасат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево, селата Чучер и Блаце, извести ЦУК.
На пожарот дејствуваат и силите на БППЗ на Град Скопје со повеќе екипи и противпожарните возила, ЈКП од Општината, Црвен крст со еден базен од кој хеликоптерите полнат вода, како и тимови со противпожарните возила на ДЗС.
ЦУК е во постојана комуникација и координација со сите надлежни институции на терен.