Македонија
Потврдена е недвосмислената поддршка за Украина – Муцунски се сретна со украинскиот колега

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, на маргините на 79. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк.
На средбата беше реафирмирана македонската поддршката кон Украина посочувајќи дека Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина на патот кон зачувување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на средба со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха
Министерот Муцунски истакна дека недвосмислената поддршката кон формулата за мир, меѓународните коалиции за основање трибунал за злосторство, агресија против Украина и за враќање на присилно раселените деца продолжува и понатаму, како и кон другите иницијативи и формати за обезбедување практична помош за Украина.
На средбата стана збор и за билатералните односи, кои соговорниците ги оценја како одлични и позитивни, а беше изразено и задоволство од одличната соработка на мултилатерален план.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Две задкулисни коалиции, Левица со ДУИ за Струга и Тетово и СДС со Јакимовски за маркици и тендери во Карпош“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„На овие избори се разоткрија вистинските лица на политичката сцена. На едно место се собраа и се обединија структури за најголемите криминални интереси и политички профити, се здружија само поради една цел, да ги заштитат личните бизниси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Првата коалиција на терен е Левица и ДУИ кои се претставуваа како антагонисти за сега во Струга и Тетово да ги гледаме рака под рака Али Ахмети и Димитар Апасиев. Се со цел да го спасат ДУИ од пораз во прв круг во овие два града.
Апасиев и Левица истите кои беа поддржувачи на СЈО за дебели хонарари сега на овие избори повторно се продаваат за позиции, фотелји и многу кеш. Тоа е политиката на пазар и мито која Левица се обидува да ја прекрие позади маската на идеологијата.
Втората коалиција се Стевчо Јакимовски, човек на црната листа на САД кој се здружи со Венко Филипче под директива на Зоран Заев. Карпош за нив е претворен во пазар на политички зделки а кандидатот на СДС е само декор, нема ниту кампања, ниту поддршка а нема ниту шанса на овие избори.
Триото Заев, Филипче и Јакимовски нема идеологија, само профит и проценти. Триото Заев, Филипче и Јакимовски ги спојува криминалот, градежната мафија и тендерите. За ова трио, Заев, Филипче и Јакимовски општина Карпош е само каса од која ќе се финансираат нови коруптивни шеми за луѓето околу нив.
Двете коалиции, Левица со ДУИ и СДС со црнолисташот Јакимовски се прочитани и ќе бидат дебело поразени на овие избори.
Народот ги препознава игрите зад кулисите на овие политички актери како Заев, Филипче, Ахмети и Апасиев и ќе ги испрати во политичка пензија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром и Сопиште

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Црноризец Храбар. (општина Аеродром)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. 11 во Горно Соње. (општина Сопиште)
Македонија
Променливо облачно со слаб северен ветер, попладне врнежи од дожд

Променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степен.
Во Скопје, променливо облачно со слаб северен ветер. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
До петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m². Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира снежна покривка.Температурата на воздухот значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневната температура