Македонија
Потврдени се 35 новозаразени, а починаа уште 5 лица меѓу кои и бебето кое беше испратено во Швајцарија
Денеска се потврдени 35 нови случаи на ковид 19, а починати се 5 лица, информираат од Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (69г) хоспитализиран на 15 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (70г) примен во болницата на 17 мај и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28 мај и 47 годишен пациент на болничко лекување од 21 мај.
Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на ковид-19.
Во последните 24 часа направени се 1.120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-22, Куманово-4, Штип-1, Тетово-6, Струга-1 и Гостивар-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2164, бројката на оздравени пациенти е 1535, на починати е 131, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 498. По завршување на епидемиолошките анкети, две лице кои вчера беа евидентирани во Скопје, се соодветно распоредени во Тетово и Куманово според местото на живеење. Согласно ова, последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 817, активни 248
• Куманово – 453, активни 44
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 62, активни 27
• Прилеп –211, активни 41
• Тетово – 198, активни 75
• Струга – 80, активни 11
• Велес – 129, активни 29
• Битола –28, активни 4
• Охрид –23, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –23, активни 5
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 32, активни 1
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 3, активни 1
• Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 0
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 0
• Берово-1, активни 0
• Свети Николе-1, активни 1.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 19 оздравени пациенти во: Скопје-8, Куманово-3, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Битола-2, Неготино-2.
Направените 1120 теста се преку: ИЈЗ –546, ЦЈЗ Скопје- 66, Авицена –50, Биотек -178, Филип Втори (Жан Митрев) –51, Систина со PCR метода -120 и МАНУ -109. Досега во земјата се направени вкупно 28804 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 487 тестира се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Куманово и Скопје, а потврден е еден позитивен случај во градинка во Тетово. Досега во рамките на скринингот се направени 3502 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 4 пациенти, хоспитализирани се вкупно 40 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 10 пациенти. На ифективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 29 пациенти -позитивни и сомнителни на ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.
Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Членови на Советот за безбедност се: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов.
Македонија
Од денеска побезбедни онлајн купувања со платежни картички
Од денеска стапува во сила законската обврска за засилена автентикација при онлајн-плаќања со платежни картички. Наместо досегашната потврда со СМС-код, корисниците на платежни картички ќе добиваат известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобрат трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање лице. Без оваа потврда плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги има податоците од картичката.
Целта е да се обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при плаќањата без физичко присуство.
Засилената автентикација како законска обврска за давателите на платежни услуги произлегува од Законот за платежните услуги и платните системи. Таа се воведува постепено во земјата и веќе е во примена при извршување онлајн-увид во платежните сметки од страна на клиентите, како и при извршување плаќања со платежни картички на физичките продажни места или со платни налози преку електронското или мобилното банкарство.
Македонија
Од денеска до 5 март пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 март 2026.
Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата.
-Студентите што ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk, се наведува во објавата на МОН каде што се наведени и условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и контакти за поддршка при аплицирањето.
Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови.

