Македонија
Потврдени 5 нови случаи на Ковид – 19, оздравени се 95 пациенти, починати се 2 лица

Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти во Скопје-32, Куманово-38, Прилеп-16, Тетово-2, Велес-7.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Куманово на возраст од 94 години, хоспитализиран на 28 април, а денеска Институтот регистрира и пациентка од Струга на возраст од 69 години, која починала на 29 април на пат кон болницата во Охрид. Од страна на ЦЈЗ Охрид е земен постпортем брис кој покажал присуство на вирусот.
Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје-2, Куманово-1, Прилеп-1 и Тетово-1.
Во однос на оздравените пациенти од вчера направена е исправка, 2 лица кои се испишани од Инфективната клиника во Скопје од Прилеп и Струга се уште се позитивни на вирусот, но во добра општа состојба се пуштени на домашно лекување. Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482. Последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје – 511
Куманово – 401
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –158
Тетово – 86
Струга – 67
Велес – 77
Битола –19
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –17
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 31
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 2
Делчево-1
Валандово -1
Виница – 2
Направените 249 теста се преку: ИЈЗ –224, Ветеринарен факултет -0, Авицена –0, Биотек -11, Филип Втори (Жан Митрев) –5, Систина со PCR метода -6 и МАНУ-3. Досега во земјата се направени вкупно 17246 тестирања на Ковид-19. Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 39. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1 пациент.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 23 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште 5 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се примени 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 44 позитивни и суспектни на Ковид-19, информира Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.