Македонија
Потпишани договорите за интероперабилност на повеќе институции, меѓу кои и Јавното обвинителство
Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска беше еден од потписниците на договорот за интероперабилност меѓу Министерството за правда и групата институции: Министерство за внатрешни работи, Јавно обвинителство на Република Македонија, Државна комисија за спречување на корупцијата, Агенција за цивилно воздухопловство М-НАВ, Управа за финансиска полиција, Управа за финансиско разузнавање, Централен регистар, Царинска управа и Државна изборна комисија.
Платформата за интероперабилност овозможува електронска размена на податоци и документи меѓу институциите на стандардизиран, безбеден и унифициран начин.
„Употребата на информациските системи ќе овозможи сигурен пристап до информации за секого, каде било и на кој било уред“, рече министерот за правда Никола Тупанчески, според кого ИКТ-алатките и дигиталните решенија треба да го олеснат процесот и да се добие на ефикасност, ефективност и оперативност во работењето на вклучените институции.
„Ваквата размена на податоци ја зголемува ефикасноста при работењето и го зголемува задоволството од услугите кои се нудат како од судовите, така и од сите други државни органи и институции. Така на пример, МВР и Јавното обвинителство, како и останатите државни органи наместо физички со поднесување на секојдневно стотици писмени барања до судовите за добивање на податоци и информации од базите на податоци на судовите за што се троши огромно време, средства и други ресурси што се рефлектира и со одолговлекување на постапките преку Националната платформа за интероперабилност и веб-сервисите времето и потрошените ресурси ќе бидат сведени на минимум од само неколку минути и минимум ресурси и тоа бесплатно“, појасни претседателот на Советот за ИКТ во правосудството, Лазар Нанев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

