Македонија
„Нема проблем затоа што не дозволивме да има проблем“, рече Арсовска за договорот за грант за пречистителна станица во Скопје
Денеска, во Скопје, беше потпишан договор за грант од ЕУ со ЕИБ за пречистителна станица за отпадни води во Скопје.
„Верувам дека по завршување на сите неопходни постапки, на следниот настан ќе се официјализира сето она што ‘Водовод и канализација’ го работеше изминатите пет години и дека ќе имаме можност да го овековечиме овој проект, кој е најголемиот екокапитален проект во РМ, но и во регионот“, истакна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
„Треба да се имаат предвид додадените вредности што тој самиот по себе ги носи, тоа е што ќе имаме прочистување на над 90 проценти од урбаните отпадни води во градот, а од друга страна, тука е и справување со проблемот, односно дека 60 проценти од водите завршуваат не кај корисниците, односно се одлеваат од нашата мрежа“, дополни Арсовска.
На прашањето дали имало проблеми во постапката, Арсовска порача воопшто да не се шпекулира со информациите.
„Не се работи за тоа кога и како ќе се заврши постапката, се работи за тоа сите формално-правни аспекти да бидат задоволени. Нема проблем затоа што не дозволивме да има проблем. Шест месеци подоцна не дозволивме да има проблем“, нагласи Арсовска.
„Ве повикувам да отидете во партискиот штаб на оние што инсинуираат некакви турски фирми, да отидете да ги прашате каде се турските фирми и каде се турските инвеститори“, потенцира градоначалничката на Скопје.
Инаку, според најавите на надлежните, третирана вода со врвен квалитет, според европските стандарди и заштеда од протекување, ќе овозможи пречистителна станица во Скопје, што ќе се гради со грант од ЕУ вреден 70 милиони евра.
Договорот за 70 милиони евра грант од ЕУ е за пречистителната станица во Скопје.
Проектот, според најавите, ќе овозможи подобри услови за живеење за речиси 540.000 луѓе и е најголемиот досега кај нас во секторот животна средина. Имплементатори се Градот Скопје и ЈП „Водовод и канализација“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај низ државата по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка и Ѓавато
Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија. Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато, извести АМСМ.
Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално. Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село, велат од АМСМ.
Сега засега блокиран е само сообраќајот за ТТВ за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Карпош и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани прекини и тоа:
– во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците на улицата Ордан Поп Јорданов. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата Римска. (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен дожд
Претпладне променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

