Македонија
Потпретседателката на францускиот Сенат на Џафери му врачи златен медал за пријателство и соработка
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска оствари средба со Елен Конве-Муре, потпретседателка на Сенатот на Франција, која на самиот почеток му врачи златен медал на Сенатот, како симбол на пријателството и плодната соработка меѓу македонскиот парламент и францускиот Сенат.
Џафери се заблагодари и изрази највисока почит кон францускиот сенат, а во своето воведно излагање истакна дека политичките односи меѓу Северна Македонија и Франција се неоптоварени, извонредни, пријателски и на високо ниво.
„Потврда за тоа претставува и континуираната размена на посети на високо и највисоко ниво и работната посета на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, односно Националното собрание и францускиот Сенат на почетокот на октомври оваа година“, нагласи Џафери.
Потпретседателката на францускиот Сенат, Муре, истакна дека нејзината посета се организира со желба за продлабочување на парламентарната дипломатија и соработката меѓу пратениците на македонското Собрание со француските сенатори.
Џафери нагласи дека и покрај тоа што земјата не доби датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, сепак ќе продолжи со спроведување на реформите од европската агенда.
„Стратешките цели на нашата земја се ЕУ и НАТО и 70% од граѓаните ги поддржуваат и благодарение на досегашната поддршка од Француската Република, преку понатамошна соработка ќе успееме да ја надминеме актуелната ситуација и да се најдеме сите на истиот пат“, истакна спикерот во македонското Собрание.
На крајот на средбата потпретседателката Муре порача дека во нејзиниот извештај од посетата на Република Северна Македонија ќе ги пренесе и нашите очекувања во Париз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пролетен неделен ден во зима со температури до 16 степени
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 16 Целзиусови степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, исто така се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура се очекува да се спушти до 0, а максималната да достигне до 15 Целзиусови степени.
Според синоптичарите, до среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Утрата ќе бидат постудени со појава на слаба магла по одделни котлини. Во четврток и петок ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

