Македонија
Потребна е мобилизација во ЈСП, а не кредит за набавка на автобуси што ќе стигнат в година, вели Мицкоски
Планот ‘гласајте да земеме кредит за да набавиме автобуси што ќе стигнат в година’ нема да го реши проблемот со ЈСП, смета премиерот Христијан Мицкоски.
Прашан од новинарите зошто тие како Влада не набават нови автобуси со оглед на расправиите што ги имаат со градоначалничката Данела Арсовска, Мицкоски одговори дека тој не се кара со никого, а проблемот се решава со мобилизација на ЈСП, односно со вистинско трошење средства што скопјани ги даваат како субвенција на Јавното претпријатие, но тоа не може да го стори Владата, туку менаџментот на Град Скопје.
Мицкоски рече и дека за време на локалните избори во 2021 година кога Арсовска беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ како кандидат, тие понудиле решение: компанија што ќе отвори фабрика за електрични автобуси, но тоа останало иницијатива на едната страна.
Понатаму, ја истакна потребата од автобуси и за другите градови. Потреба од автобуси, вели Мицкоски, имаат и Тетово, Битола, Прилеп, Штип, Кавадарци, Охрид. Ако на Скопје му требаат 250 автобуси, и на другите градови сигурно им требаат уште толку, рече премиерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.
Македонија
Сали во Брисел: Билатералните прашања не смеат да го кочат европскиот пат на земјата
Во рамките на официјалната посета на Брисел, Првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент.
За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции и за спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците. Истакната е важноста билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ.
Исто така, беше оценет постигнатиот напредок во Планот за раст и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот WiFi4WB и приклучувањето во SEPA, како и соработката со Претседателството на Кипар и европските партнери за решавање на предизвиците со транспортерите по воведувањето на Системот Entry/Exit.
Првиот заменик-претседател Сали повторно ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон европскиот пат и подготвеноста за натамошно унапредување на секоја реформа со европските партнери.
Македонија
Во наредните денови дожд, на планините снег – температурите растат
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -4 до 3 степени, додека максималните ќе достигнат од 6 до 11 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1 степен, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини и од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во среда повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

