Македонија
Почесна артилериска стрелба за Денот на независноста
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/artileriska-strelba.jpg)
Одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста ќе започне денеска попладне со почесна артилериска стрелба од касарната „Илинден“ во Скопје. Во 18 часот ќе бидат истрелани 10 плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата.
Во периодот од 15 до 17 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден плотун од 6 артилериски орудија
По повод одбележувањето 28 години од независноста на државата утре ќе биде положено цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и на вечните почивалишта на поранешните претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров.
Под мотото „Боите на независноста“ кај Школка во Градскиот парк со почеток во 11 часот ќе се одржи прослава организирана од страна на Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Перински: Време е општините да добијат поддршка од централната власт и да се инвестира во локалниот економски развој
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/12/zlatko-perinski.png)
Честа да се биде дел од владата која произлегува од огромната поддршка на народот, за мене е голема и неповторлива задача, напиша на Фејсбук, Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ.
„Благодарност до Претседателот Христијан Мицкоски за укажаната доверба да го предводам ресорот Локална Самоуправа, особено што реалноста говори дека во претходните влади многу малку се посветуваше внимание на ова министерство, каде постојат широки и огромни можности за развој и создавање. Очекувањата од граѓаните се големи, затоа и нашите напори за брзи резултати ќе бидат постојани и со огромна вложена енергија да се помогне на општините, а на тој начин да се помогне на граѓаните. Следи ново поглавје каде примат има одговорноста кон граѓаните, многу работа и нови проекти. Време е општините да добијат поддршка од Централната власт и да се инвестира во локалниот економски развој. Македонија мора да ја вратиме на народот, затоа што таа е наша, заедничка, единствена“, истакна Перински.
Македонија
Мисајловски: Силно ќе се заложам за модернизација на Армијата и засилување на борбената готовност
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/misajlovski.jpg)
Сакам да се заблагодарам пред сѐ на нашиот македонски народ за огромната поддршка што ни ја даде на изборите за да направиме историска победа и шансата да работиме за нашата Татковина. Сега доаѓа време за напорна работа, посветеност и реформи за Македонија да биде повторно горда, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
-Сакам да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и идниот Претседател на Владата Христијан Мицкоски, за укажаната доверба и чест да бидам министер за одбрана во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, благодарност за поддршката и на извршниот и централниот комитет, но и на сите активисти на партијата и граѓани што секогаш се до мене и се мојата енергија. Силно ќе се заложам за подобрување на условите во македонската армија и подобрувањето на одбранбениот стандард, одбранбената готовност и модернизацијата на армијата, како и подобрување на условите за униформираниот и цивилниот кадар во Министерството за одбрана, посочи тој.
Мисајловски порача дека ќе се заложи односите со нашите стратешки партнери да бидат уште позасилени, а армијата да биде лицето на државата која ќе сведочи за нејзината организираност.
-Можам да ветам дека ќе го дадам и последниот атом за нашата татковина со чесна и макотрпна работа за достоинствена Македонија, истакна Мисајловски.
Македонија
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/policija-brzo-vozenje-1.jpg)
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на СВР Битола изречени се вкупно 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 84 санкции, 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 29 мерки за возење без возачка дозвола, изречени 13 мерки за непрописно паркирани возила, 17 мерки за некористење на заштитна кацига -шлем.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови“, велат од СВР Битола.