Македонија
Починаа уште 8 лица, а 99 се новозаразени со коронавирус
Уште осум лица починаа, а регистрирани се 99 новозаразени во земјава, во изминатото деноноќие.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.384 тестирања, а oд 99-те нови случаи на ковид-19 најмногу се од Скопје-33, Охрид-14 и Куманово-7. Понатаму, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-4, Струга-2, Велес-2, Битола-6, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-6, Македонски Брод-3, Виница-1, Делчево-6.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 214 оздравени пациенти од: Скопје-48, Куманово-25, Штип-11, Прилеп-9, Тетово-23, Струга-8, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-22, Гостивар-21, Гевгелија-4, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-2, Пехчево-2, Берово-6, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-2, Свети Николе-10, Кичево-3, Неготино-3.
Починати се 8 лица, два пациенти од Тетово (60г. и 71г.), од Делчево (78г.), Струга (63г.), Скопје (59г.), од Дебар (52г.) и два пациенти од Охрид (70г. и 94г). Седум пациенти се починати во, а еден пациент е починат вон болница.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15226, бројката на оздравени пациенти е 12700, на починати е 631, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1895. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6156, активни 575
• Куманово 1548, активни 231
• Дебар 260, активни 27
• Штип 1187, активни 90
• Прилеп 531, активни 139
• Тетово 1258, активни 104
• Струга 595, активни 55
• Велес 280, активни 22
• Битола 231, активни 42
• Охрид 376, активни 57
• Кавадарци 190, активни 25
• Гостивар 824, активни 114
• Гевгелија 74, активни 43 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 83, активни 31
• Крива Паланка 61, активни 19
• Радовиш 47, активни 7
• Крушево 17, активни 1
• Кочани 166, активни 37
• Пробиштип 90, активни 15
• Демир Хисар 60, активни 2
• Македонски Брод 80, активни 13
• Пехчево 38, активни 26
• Берово 68, активни 35
• Валандово 9, активни 1
• Виница 83, активни 27
• Делчево 108, активни 77 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 6
• Свети Николе 301, активни 27
• Кичево 286, активни 42
• Ресен 147, активни 0
• Неготино 48, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1384 теста се преку: ИЈЗ-298, ЦЈЗ Скопје-21, Авицена-167, Биотек-207, МАНУ -154, Жан Митрев (Филип Втори)-216, Систина со PCR метода -172, лабораторија Лаор –57, Судска медицина-30, ЦЈЗ Битола-38, Инфективна клиника-10, ГАК-14, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 159.387 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 81 пациенти. На кислородна поддршка се 59, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 55
• Гази Баба – 72
• Аеродром – 99
• Карпош – 63
• Центар – 62
• Кисела Вода – 57
• Ѓорче Петров – 34
• Бутел – 36
• Шуто Оризари – 23
• Студеничани – 17
• Сарај – 16
• Арачиново – 10
• Илинден – 11
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 6
• Нераспределен-3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре врнежи од дожд а на планините снег
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре попладне, во текот на ноќта и во недела ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во понеделник во текот на ноќта и во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Утре ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец.
Во Скопје, од утре од попладневните часови до недела ќе има повремени врнежи од дожд, со услови за појава на грмежи. Утре ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец. Во вторник се очекуваат нови врнежи од дожд, кои на повисоките делови од котлината ќе преминуваат во снег.
Македонија
Ѓорѓиевски: Започна реконструкцијата на улицата ,,Лазар Трповски” во Чаир
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, го означија почетокот на реконструкцијата на улица „Лазар Трповски“, една од најзначајните сообраќајни артерии во овој дел од градот. Овој проект е клучен за обезбедување поголема безбедност, ред и ново достоинство за граѓаните на Чаир, посочуваат од Град Скопје.
„Станува збор за целосна реконструкција со нов асфалт на двете коловозни ленти, изградба на стандардизирани тротоари, велосипедски патеки од двете страни, уредени паркинг-простори и современ систем за јавно осветлување. Со ова се става безбедноста на прво место за сите учесници во сообраќајот, вклучително возачи, пешаци и велосипедисти. Улицата „Лазар Трповски“, која во минатото беше позната како критична точка за сообраќајни незгоди, добива инфраструктура по европски стандарди која обезбедува јасна сигнализација, подобрена прегледност и функционални решенија што одговараат на реалните потреби на граѓаните.
Градот Скопје продолжува со инфраструктурните инвестиции и до крајот на годината ќе започне постапката за целосна реконструкција и проширување на булеварот „Цветан Димов“, кој секојдневно го користат повеќе од 100.000 граѓани и кој поврзува неколку скопски општини. Овој проект ќе овозможи трајно решение за метежот и небезбедноста, ставајќи крај на долгогодишниот сообраќаен хаос на оваа делница“.
Македонија
Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу, поранешниот министер за здравство Венко Филипче ја составувал техничката спецификација за модуларната болница во Тетово, без да изготви елаборат за електрична енергија, а трагичниот пожар можел да биде спречен.
„Кадриу потврдува дека работата е забошотена. Таа била повикана вечерта на трагедијата да учествува во истрагата, а потоа дошол и Јовевски со свои обвинители, за кои таа вели дека имале обврска да ја држат истрагата под контрола“, рече Манасиевски.
Тој додаде дека, според Кадриу, модуларните болници биле изградени од панели со пурпена кои чинеле 5–6 евра по метар, додека пожароотпорните панели со камена волна чинеле околу 17 евра.
„Сите модуларни болници чинеле околу 300.000 евра, а за нив биле обезбедени 30 милиони евра од Светската банка. Каде се тие пари – нема одговор. Можеби се наоѓаат во некоја акција во индиска авиокомпанија, стан во Дубаи или фирма во Бугарија“, изјави Манасиевски.
Тој истакна дека трагедијата со 14 загинати во Тетово можела да биде избегната.
„За жал, трагедијата во Тетово во која загинаа 14 наши сограѓани, можела да биде и спречена доколку Филипче потпишал минимум технички спецификации и ако направил елаборат за електрична енергија, со кои не би дошло до спој во електричната енергија и доколку панелите биле малку поскапи и подобри, можеби и ќе се избегнел пожарот. Но, Филипче по се изгледа алчен за парите, искористил минимум од обезбедените средства. Згора на се, ова можеби би било спречено и доколку Филипче ја прифател понудата на тогашниот медицински директор во тетовската болница, кој понудил сместување на КОВИД пациенти, на двата спрата кои биле слободни во истоимената болница каде тие биле оставени така празни. Филипче ова го одбил поради тоа што овие модуларни болници морале да бидат изградени“, рече Манасиевски.
Во изјавата, Манасиевски тврди дека вистинските виновници не се зад решетки, а дека „оние кои нуделе други решенија сега се осудени само на три години“.
„Вистинскиот виновник денес води политичка партија во опозиција“, заврши тој, најавувајќи нови информации утре, вклучително и околу тоа зошто обвинителката Кадриу била суспендирана.

