Македонија
Починаа 26 лица од Ковид-19, регистирани се 978 нови случаи
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2667 тестирања, а регистрирани се 978 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-392, Куманово-51, Дебар-6, Штип-18, Прилеп-29, Тетово-95, Струга-10, Велес-48, Битола-36, Охрид-31, Кавадарци-22, Гостивар-49, Гевгелија-14, Струмица-21, Крива Паланка-8, Радовиш-6, Крушево-2, Кочани-32, Пробиштип-8, Демир Хисар-6, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-9, Валандово-3, Виница-12, Делчево-12, Кратово-6, Свети Николе-8, Кичево-20, Ресен-8, Неготино-14.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти од: Скопје-9, Куманово-2, Штип-5, Битола-4, Кавадарци-1, Виница-1, Ресен-2.
Починати се 26 лица, четворица пациенти од Скопје (69, 88, 83 и 60), еден од Куманово (58), еден од Штип (83), четворица пациенти од Прилеп (66, 76,77 и 57) и четворица од Тетово (50, 67, 78 и 63), еден пациент од Струга (82), двајца од Велес (79 и 7г), двајца од Битола (72 и 84), тројца пациенти од Охрид (57, 71 и 57), еден од Гевгелија (87), еден од Струмица (67), еден од Кочани (70) и еден пациент од Делчево (49). Од нив, тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 39760, бројката на оздравени пациенти е 23035, на починати е 1136, а бројот на активни случаи изнесува 15589. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 17319, активни 7114
• Куманово 2666, активни 689
• Дебар 382, активни 80
• Штип 1931, активни 436
• Прилеп 1794, активни 823
• Тетово 2765, активни 981
• Струга 939, активни 195
• Велес 1168, активни 718
• Битола 1032, активни 525
• Охрид 953, активни 423
• Кавадарци 729, активни 387
• Гостивар 1486, активни 442
• Гевгелија 492, активни 228 (24 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 85 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1203, активни 669
• Крива Паланка 287, активни 133
• Радовиш 302, активни 121
• Крушево 48, активни 25
• Кочани 880, активни 297
• Пробиштип 256, активни 102
• Демир Хисар 110, активни 40
• Македонски Брод 116, активни 16
• Пехчево 61, активни 5
• Берово 245, активни 69
• Валандово 120, активни 39
• Виница 236, активни 118
• Делчево 311, активни 155 (77 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 96, активни 65
• Свети Николе 551, активни 133
• Кичево 744, активни 306
• Ресен 292, активни 96
• Неготино 246, активни 159 (21 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2667 теста се преку: ИЈЗ-1017, ЦЈЗ Скопје-68, Авицена-462, Биотек-254, МАНУ -214, Жан Митрев (Филип Втори) -170, Систина со PCR метода -319, лабораторија Лаор –70, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-64, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-26, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, Здравствен дом Скопје (рапид тест) -0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 271.599 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациент. На кислородна поддршка се 134 пациенти, еден пациент е на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 позитивни и 3 деца суспектни на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на клиниката за неврологија 19 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 71, а во болницата во Штип се 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 493 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 424
• Гази Баба – 970
• Аеродром -1120
• Карпош – 979
• Центар – 934
• Кисела Вода – 858
• Ѓорче Петров – 588
• Бутел – 387
• Шуто Оризари – 100
• Студеничани – 36
• Сарај – 66
• Арачиново -16
• Илинден – 174
• Сопиште – 58
• Чучер Сандево – 48
• Петровец –68
• Зелениково -38
• Странец – 95
• Нераспределен- 155
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.

