Македонија
Починати се 18 лица, а регистрирани се 7 нови случаи на Ковид -19
Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 1.418 тестирања, а регистрирани се 7 нови случаи на Ковид-19 и тоа во:
Скопје – 7 лица.
Регистрирани се 71 оздравени пациенти од: Скопје – 18, Куманово – 15, Битола – 8, Велес – 4, Штип, Кочани и Пробиштип – по 3, Кичево, Радовиш, Делчево и Виница – по 2, Прилеп, Струмица, Неготино, Свети Николе, Валандово, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица – по 1 лице.
Пријавени се вкупно 18 починати лица: 7 лица од Скопје (41г,54г,58г,79г,81г,84г и 86г), по 3 лица од Тетово (69г,72г и 81г) и Гостивар (68г,68г и 77г), 2 лица од Прилеп (80г и 90г) и по едно лице од Виница (76г), Македонска Каменица (77г) и Дебар (92г).
Од пријавените, 9 лица се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови. Пријавените 9 лица починати во домашни услови се од месец април.
Направени се 1.418 тестови преку: ИЈЗ-140, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово –0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-117, Авицена-133, Биотек-194, Систина-353, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 440.
Досега во земјата се направени вкупно 778.092 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.067, бројката на оздравени пациенти е 146.940, на починати е 5.329, а бројот на активни случаи изнесува 2.798.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68412, Активни 1129
Куманово 8805, Активни 257
Прилеп 8283, Активни 122
Тетово 7207, Активни 104
Битола 6286, Активни 183
Велес 5467, Активни 69
Гостивар 5164, Активни 45
Кавадарци 5150, Активни 38
Охрид 4994, Активни 186
Штип 4956, Активни 50
Струмица 4106, Активни 77
Струга 2979, Активни 65
Кочани 2785, Активни 47
Кичево 2550, Активни 74
Гевгелија 2190, Активни 25
Неготино 2182, Активни 21
Свети Николе 1522, Активни 35
Ресен 1233, Активни 33
Крива Паланка 1219, Активни 7
Радовиш 1150, Активни 57
Берово 1027, Активни 4
Делчево 971, Активни 25
Дебар 939, Активни 5
Виница 881, Активни 47
Пробиштип 789, Активни 11
Валандово 665, Активни 4
Богданци 493, Активни 3
Крушево 489, Активни 22
Демир Хисар 397, Активни 18
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 373, Активни 20
Македонски Брод 358, Активни 2
Пехчево 268, Активни 1
Македонска Каменица 249, Активни 12
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената
„Колку пати алармирав и предупредував дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се создава систем на клиентелизам, влијанија и злоупотреби?“, порача поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагирајќи по апсењето на директорот на Агенцијата при земање мито.
„Јавно укажував дека ИПАРД 3 ќе крахира, дека со вакви практики се загрозува кредибилитетот на државата пред Европската комисија и се става под ризик целата програма вредна околу 100 милиони евра – пари наменети за развој на македонското земјоделство“, изјави Николовски.
Според него, денешниот скандал е директна последица на политичко поставување на луѓе без интегритет и без компетенции.
„Ова не е изолиран инцидент, туку резултат на владеење кое ги заменува вредностите и професионалноста со партиска послушност“, нагласи тој.
Николовски потсети дека за време на неговиот мандат ИПАРД 2 програмата беше 100% искористена, со 2.369 договори и реализирани инвестиции.
„Срамно е целиот тој успех и довербата што ја изградивме со Европската унија да биде уништена за само една година поради корупција и лични интереси“, додаде тој.
Тој предупреди дека постои реална опасност Европската комисија да ја стопира ИПАРД 3 програмата за Македонија, што би значело блокада на сите исплати и нови повици.
„Ако се случи тоа, земјоделците повторно ќе бидат жртви на корупцијата и неспособноста на оваа власт“, порача Николовски.
Поранешниот министер побара итна одговорност и расчистување со злоупотребите:
„Време е за целосна одговорност. Македонија не смее да си дозволи да ја изгуби довербата во европските институции поради поединци кои го претворија земјоделството во извор на мито и политички влијанија.“
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
До понеделник променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Од вторник се очекува стабилизирање на времето.

