Македонија
Починати 37 лица, регистрирани нови 86 случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 808 тестирања, а регистрирани се 86 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 58, Куманово – 6, Прилеп – 5, Тетово и Штип – по 3, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 2, Кавадарци, Струмица, Неготино, Свети Николе и Крушево – по 1 лице.
Регистрирани се 856 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 377, Битола – 79, Прилеп – 57, Охрид – 55, Куманово – 49, Штип – 36, Велес – 31, Струга – 20, Тетово и Гевгелија – по 19, Гостивар – 16, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 14, Кичево – 9, Струмица – 8, Кочани – 7, Ресен – 6, Берово -5, Богданци – 4, Валандово – 3, Крушево, Виница и Кратово – по 2, Кавадарци, Неготино, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 1 лице.
Според Министерството за здравство, пријавени се вкупно 37 починати лица: 11 од Скопје (48, 61, 61, 65, 69, 74, 76, 77, 80, 83 и 90), 5 лица од Охрид (55, 64, 66, 72 и 85), по 4 лица од Битола (67, 77, 89 и 91) и Кавадарци (71, 73, 76 и 78), по 3 лица од Куманово (65, 76 и 84) и Тетово (73, 76 и 80), од Прилеп 2 лица (53 и 54) и по едно починато лице од Велес (61), Струмица (64), Струга (60), Делчево (69) и од Валандово (71). Од починатите пациенти, 4 лица се починати во домашни услови, а 33 се починати во болнички услови.
Направени се 808 теста преку: ИЈЗ – 90, ЦЈЗ Скопје – 24, ЦЈЗ Битола – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 0, МАНУ – 49, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 124, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 108, „Систина“ – 163, лабораторија „Лаор“ – 0, „Синлаб“ – 0, „Ремедика“ – 0, „Плодност“ – 0, „Генеа“ – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 250.
Досега во земјата се направени вкупно 710.265 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.672, бројката на оздравени пациенти е 129.909, на починати е 4.714, а бројот на активни случаи изнесува 16.049.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 66.635, активни 7.267
Куманово 8.372, активни 1.111
Прилеп 8.098, активни 807
Тетово 7.040, активни 591
Битола 6.034, активни 1.060
Велес 5.338, активни 570
Гостивар 5.080, активни 389
Кавадарци 5.069, активни 403
Штип 4.855, активни 416
Охрид 4.848, активни 475
Струмица 3.940, активни 542
Струга 2.912, активни 150
Кочани 2.677, активни 264
Кичево 2.423, активни 283
Гевгелија 2.161, активни 277
Неготино 2.133, активни 198
Свети Николе 1.468, активни 122
Крива Паланка 1.199, активни 64
Ресен 1.198, активни 206
Радовиш 1.075, активни 119
Берово 1.000, активни 59
Делчево 942, активни 93
Дебар 927, активни 48
Виница 784, активни 114
Пробиштип 767, активни 31
Валандово 653, активни 66
Богданци 483, активни 63
Крушево 470, активни 90
Демир Капија 392, активни 30
Демир Хисар 376, активни 60
Кратово 352, активни 10
Македонски Брод 352, активни 25
Пехчево 259, активни 20
Македонска Каменица 228, активни 13
Дојран 132, активни 13
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски избран за потпретседател на ЗЕЛС
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на конститутивната седница на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) едногласно е избран за нов потпретседател на организацијата.
Герасимовски се заблагодари на членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС за укажаната доверба и ја потврди својата заложба функцијата да ја извршува во интерес на граѓаните.
„Очекувам новиот состав на ЗЕЛС да биде на висина на својата задача и да воспоставиме конструктивна и конкретна меѓуопштинска соработка, без политизација и со целосна посветеност на граѓаните. Во следните четири години пред нас е сериозна задача: зајакнување на процесот на децентрализација, поголема фискална самостојност и пошироки ингеренции, со една единствена цел, да обезбедиме подобри проекти и услуги во нашите општини“, рече Герасимовски.
На седницата за претседател на ЗЕЛС е реизбран градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, а покрај Герасимовски за потпретседател е избран и Изет Меџити.
Делегатите дискутираа за предлог-стратегијата на ЗЕЛС за 2026–2030 година, како и за актуелните предизвици во локалната власт, со цел унапредување на работењето на општините и зајакнување на соработката меѓу локалните самоуправи.
Македонија
СДСМ: Уште еден доказ, Мицкоски го зеде судството во свои раце па се фали со добиени пресуди
Христијан Мицкоски го зеде судството и обвинителството во свои раце па сега се фали со добиени судски пресуди против СДСМ, реагираат од опозициската партија.
„Па нормално дека Мицкоски добил пресуда. Но баш чудно, зошто токму денес го објавува овој голем „успех“ на судството на Мицкоски? Токму кога најавивме иницијатива до Уставниот суд за неуставната Резолуција со која сакаат да ја замолчат опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари! Дали и во Уставниот суд Мицкоски планира да прави притисок за да одлучува „брзо“ за иницијативата на СДСМ? СДСМ нема да дозволи задушување на демократијата и слободата на медиуми. Со сите демократски механизми ќе се бориме за Макеоднија дури и пред меѓународните институции“, пишува во реакцијата на СДСМ, по објавата на пресуда од Апелациониот суд од страна на Мицкоски.
Македонија
Орце Ѓорѓиевски реизбран за претседател на ЗЕЛС
Со едногласна одлука на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски повторно ја доби довербата да ја извршува функцијата претседател на ЗЕЛС. За потпретседатели се избрани Изет Меџити и Горан Герасимовски.
„Уверен сум дека пред нас е успешен мандат кој ќе остави значаен белег во унапредувањето на локалната самоуправа и во продлабочувањето на децентрализацијата“, рече Ѓорѓиевски.
Тој кажа дека ЗЕЛС претставува стабилна и инклузивна заедница во која сите општини настапуваат рамноправно, без разлика на политичка, етничка или верска припадност.
„Преку документот „Систематизирани ставови на ЗЕЛС“ и новата Стратегија за периодот 2026-2030 година, јасно ги дефинираме приоритетите и подготвено настапуваме во дијалогот со централната власт. Во изминатиот период активно учествувавме во подготовката на измените на Законот за локална самоуправа, при што беше прифатено и нашето долгогодишно барање за воспоставување општинска комунална полиција“, рече тој.
Ѓорѓиевски најави дека во наредниот период фокусот ќе биде ставен на посериозна децентрализација, особено во областа на социјалната заштита, како и на обезбедување поголема финансиска стабилност на општините.
„Ќе продолжиме со лобирање за поголем удел на општините во јавните приходи, подобра наплата на сопствените извори и понатамошен развој на електронските услуги. Пред нас стојат уште многу важни прашања, но уверен сум дека со заеднички пристап и јасна визија ќе постигнеме конкретни резултати“, рече тој.

