Македонија
Починати 51 лице од Ковид-19, регистрирани нови 1.302 заразени од коронавирус
Министерството за здравство во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје информира:
Во последните 24 часа се направени 4.438 тестирања, а регистрирани се 1.302 нови случаја на Ковид-19, и тоа во:
Скопје – 523, Битола – 119, Куманово – 87, Прилеп – 55, Охрид – 54, Тетово – 51, Велес – 47, Гостивар – 38, Штип- 34, Кочани – 31, Кавадарци – 30, Берово – 27, Струмица и Кичево по – 25, Гевгелија – 24, Струга – 22, Неготино – 17, Ресен -14, Дебар – 11, Свети Николе и Радовиш по -10, Пробиштип – 8, Крива Паланка и Валандово по – 7, Делчево и Виница по – 5, Македонски Брод – 4, Демир Хисар – 3, Крушево, Богданци, Демир Капија и Дојран по – 2, Кратово – 1.
Регистрирани се 626 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 312, Прилеп – 77, Велес – 33, Куманово – 31, Гостивар – 26, Битола – 22, Кавадарци – 19, Тетово – 18, Штип – 15, Неготино и Гевгелија по – 12, Кочани – 9, Струмиица – 7, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Демир Капија по – 4, Богданци – 3, Кичево, Свети Николе, Берово, Крушево и Демир Хисар по – 2, Делчево, Ресен, Виница и Кратово по – 1.
Пријавени се вкупно 51 починато лице: 20 од Скопје (87, 81, 80, 80, 79, 79, 76, 73, 71, 69, 68, 68, 62, 62, 60, 56, 55, 53, 51, 47), по 5 починати пациенти од Прилеп (84, 82, 77, 72, 72) и Струмица (84, 81, 77, 76, 70), по 3 починати пациенти од Куманово (52, 52, 32) и Кочани (63, 61, 46), по 2 починати пациенти од Тетово (69 и 55), Гостивар (83, 57), Кавадарци (77 и 74) и Охрид (77 и 66) и по 1 починат пациент од Битола (73), Неготино (68), Гевгелија (76), Радовиш (77), Делчево (79), Виница (74) и Валандово (58). Педесет пациенти се починати во болнички услови, а еден дома.
Направени се 4.438 теста преку: ИЈЗ – 714, ЦЈЗ Скопје – 95, ЦЈЗ Битола – 108, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 3, Судска медицина – 3, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 13, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 75, МАНУ – 175, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 174, „Авицена“ – 386, „Биотек“ – 340, „Систина“ – 312, лабораторија „Лаор“ – 402, „Синлаб“ – 94, „Ремедика“ – 51, „Плодност“ – 112, „Генеа“ – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.379.
Досега во земјата се направени вкупно 651.997 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 137.728, бројката на оздравени пациенти е 111.765, на починати е 4.072, а бројот на активни случаи изнесува 21.891.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 61.556, активни 10.838
Прилеп 7.399, активни 1.055
Куманово 7.351, активни 1.150
Тетово 6.571, активни 680
Битола 5.030, активни 1.149
Велес 4.826, активни 813
Гостивар 4.752, активни 524
Кавадарци 4.695, активни 733
Штип 4.458, активни 484
Охрид 4.384, активни 804
Струмица 3.466, активни 445
Струга 2.763, активни 272
Кочани 2.384, активни 281
Кичево 2.148, активни 264
Неготино 2.014, активни 360
Гевгелија 1.967, активни 404
Свети Николе 1.333, активни 133
Крива Паланка 1.119, активни 112
Ресен 1.093, активни 218
Радовиш 970, активни 145
Берово 922, активни 149
Дебар 880, активни 55
Делчево 877, активни 105
Пробиштип 725, активни 84
Виница 660, активни 97
Валандово 566, активни 102
Крушево 445, активни 123
Богданци 431, активни 71
Демир Капија 375, активни 61
Кратово 339, активни 26
Демир Хисар 336, активни 44
Македонски Брод 322, активни 49
Пехчево 239, активни 28
Македонска Каменица 212, активни 16
Дојран 120, активни 17
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„На кого веќе не му е јасно? Домашниот притвор за Груби –дил за политички цели“, велат од СДСМ
„Одлуката за домашен притвор за Груби не е правна, туку политичка. Таа е директна последица на политички дил и целосно контролирано судство и обвинителство од страна на ВМРО-ОКГ. Со месеци СДСМ предупредува дека судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ“, велат од СДСМ.
„Се менува јавен обвинител за да се стави обвинител под контрола на власта, се елиминираа независни кандидати, се инсталираа партиски кадри.
Сопруга на екс градоначалник на ВМРО ја назначија за член на Судскиот совет. Советник на Мицкоски беше избран во Уставниот суд. Портпаролката на Владата ги знае судските пресуди за случаи во тек.
Шефот на Обвинителот кој побара куќен притвор за Груби беше избран на оваа функција во Скопското јавно обвинителство пред еден месец. На кого веќе не му е јасно?
Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана, правда нема, има контролирано обвинителство и судство кое одлучува под диктат на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
Правна држава нема – има дил за политички цели и кампања на власта!“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“
Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата архива на една партиска шема што со години се штитела од јавноста. Кога црната кутија еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот, велат од „Вреди“.
Според нив, Ккќниот притвор не е олеснување. Тоа е, како што велат, знак дека приказната влегува во фаза во која зборовите на ДУИ повеќе не важат, туку фактите.
„Институциите почнаа да ја копаат вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа парите. И токму затоа ДУИ денес е во паника.
Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен. Тие не се плашат од мерката, туку од тежината на она што Груби го носи со себе. Бидејќи тој беше таму каде што се решаваше сè. Таму каде што се договараа работите „под маса“. Таму каде што се кроеше моќта и се делеа интересите.
Затоа стравот во Мала Речица не е случаен. Тоа е страв од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува. Кога ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги. И кога ќе стане јасно дека Груби не е само товар за ДУИ, туку потенцијална искра што може да ја запали целата нивна конструкција“.
Ова, додаваат од коалицијата, не е крај. Според нив, ова е почеток на процес што може темелно да ја разниша конструкцијата изградена околу Али Ахмети.
Македонија
„Дали СДС стравува од сведочењето на Груби“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ. Додека се злоупотребувале парите на граѓаните СДС знаеле, молчеле и не реагирале поради коалициски мир со ДУИ, за да не им се распадне коалицијата и да останат ден повеќе на власт.
Дали денес нервозата кај Филипче, Заев и СДС доаѓа од можноста вистината да излезе на виделина? Дали во СДС има паника поради евентуалните искази што би можеле да допрат и до поранешни високи функционери на СДС помеѓу кои и Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ?
Институциите мора да постапуваат без селективност и без политички притисоци. Секој кој го прекршил законот мора да одговара.
Времето на неказнивост заврши, Македонија мора да биде држава во која правдата е еднаква за сите. Владеење на правото и правдата мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

