Македонија
Почина млад доктор кој беше раководител на ковид-центарот во „Козле“
Во денешната тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата Рузвелтова околу 16:30 часот, почина 32-годишниот Трајче Нешковски, кој порано беше потпретседател и генерален секретар на СДММ. Тој бил и пулмолог, а ја раководеше ковид-единицата во детската болница „Козле“.
Сообраќајната несреќа се случи попладнево на улицата Франклин Рузвелт – се судрија два автомобила, „опел“ со струмичка ознака и „цитроен“ со гостиварска ознака.

Очевидци за „Макфакс“ изјавија дека до несреќата дошло кога возачот на „цитроенот“ изгубил контрола врз автомобилот по што удрил во „опелот“ па во дрвото.
Првичните информации од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување се дека Нешковски, по доживеан срцев удар, изгубил контрола над возилото, а залудни биле сите напори за негова реанимација.
Денеска изгубивме другар и доктор кој целосно се даваше за грижа и третман на нашите пациенти, родители, роднини,…
Posted by Венко Филипче on Среда, 14 октомври 2020
Со неверување ја примив веста за твоето заминување. Загубата е огромна. Почивај во мир другар Трајче?
Posted by Мила Царовска on Среда, 14 октомври 2020
Целото раководство на СДСМ и голем број лекари вечерва преку социјалните мрежи се збогуваат од својот сопартиец, колега и пријател, кој прерано го загуби животот.
Се понадевав дека е грешка или лага… Страшна вест. Почивај во мир Трајче!
Posted by Radmila Sekerinska on Среда, 14 октомври 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

