Македонија
Почина пулмологот Анѓелко Ѓорчев, таткото на Влатко Ѓорчев
На Клиниката во Ниш денеска почина македонскиот пулмолог Анѓелко Ѓорчев (72), кој пред десетина дена падна во кома откако прими вакцина против Ковид-19.
Тој е татко на Влатко Ѓорчев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Бог да го прости мојот татко Анѓелко Ѓорчев (72). Почина денес, после 11 дена во кома.
Замина тивко и ненадејно. Ќе…
Posted by Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) on Среда, 07 април 2021
Замина тивко и ненадејно, напиша неговиот син Влатко Ѓорчев на својот фејсбук статус.
Пред десетина дена на д-р Ѓорчев му се слошило откако ја примил вакцината против Ковид-19 во Ниш, а откако бил префрлен на Клиниката паднал во коматозна состојба.
Ѓорчев има обемна биографија. Медицински факултет завршил во Скопје, каде специјализирал, а потоа станал асистент по Интерна медицина. Докторирал на тема бронхијална астма, за што беше врвен специјалист.
Како доцент и професор работи на полето на неговиот специјален интерес-пулмологија и алергологија, астма, ендокринологија на респираторниот систем.
Професорот има специјализации и дополнителни усовршувања со конгреси, обуки и семинари во: Љубљана 1980, Лион и Париз 1986, Белград 1987, Будимпешта 1998, Лондон 1990, Брисел 1991, Мајами, Париз, Виена 1992, Сан Франциско, Лондон (Англија – Ројал Бромптон Болница), Ерусалим, Фиренца, Ротердам 1993, Ница, Столкхом 1994, Барселона, Сиетел 1995, Њу Орлеанс 1996, Берлин, Лондон 1997, Бирмингем и Саутемтон 1998, Мадрид 1999, Торонто 2000, Лисабон 2000, Берлин 2001, Неапол 2002, Виена 2003, Париз 2003, Амстердам 2004, Копенхаген 2005, Минхен 2006, Столкхом 2007, Берлин 2008, Барселона 2008, Виена 2009, Варшава 2009, Италија 2010, Бугарија 2010, Барселона 2010, Лондон 2010…
Беше член на Американското торакално здружение, Европско респираторно здружение, Британско торакално здружение и на Француско респираторно здружение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

