Македонија
Почнаа обуките на наставниците за пилот-програмата за сексуално образование
Воведувањето сеопфатно сексуално образование во основните училишта ќе значи унапредување на родовата еднаквост, инклузивноста и толеранцијата, но и превенција од сексуалното вознемирување и насилството. Ова образование значи знаења за начините за заштита, однесувањето и предизвиците коишто ги носат пубертетот и развојот до адолесценција. Ова го истакна министерката за образование и наука, Мила Царовска, на стартот на првата фаза од обуките за наставниците.
„Сексуалното образование многу често е поставувано како нешто што не треба да се прави, не треба да се зборува во училиште. Но кога ќе го поедноставиме и кога ќе кажеме дека зборуваме за ненасилство, за прифаќање на себе, на своето тело, за градење релации со другите луѓе околу нас, за создавање партнерски однос, дискусија околу своите емоции, тогаш сите велат да, тоа е потребно. Токму затоа сите истражувања покажуваат дека и родителите и наставниците и учениците имаат потреба од воведување на овие теми во формалното образование, затоа што не секое дете има можност дома да разговара за овие прашања и така неинформирани влегуваат во одредени релации и односи, на погрешен начин, често повредувани, често злоупотребувани и често неприфатени од околината и од себе“, рече Царовска.
Образованието е подготовка на младите луѓе за она што понатаму ги чека од моментот кога ќе станат возрасни. Токму затоа, министерката побара од наставниците да се вложат во овој процес и да станат лидери во своите училишта за промоција на овие прашања, како главна алка за пренос на сеопфатното сексуално образование.
Пилот-програмата на почеток ќе опфати четири училишта – три во Скопје и едно во Тетово и наставата ќе се реализира на македонски и на албански јазик. Целта е понатаму да се интегрира во наставните курикулуми.
Во процесот на воведување на сеопфатни сексуално образование е вклучено Бирото за развој на образованието, граѓанската организација ХЕРА, како и меѓународни организациии – УНЕСКО, УНДП, СЗО, УНФПА – Фонд за население на ООН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

