Македонија
Почна второто полугодие, од МОН смируваат дека не е голема бројката на заразени ученици и наставници
Со физичко присуство и заштитни маски почна второто полугодие за основците и учениците од средните училишта, кое беше одложено поради состојбата предизвикана од коронавирусот.
Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, најави дека попладне ќе ја има првата информација колку од децата и наставниот кадар се заразни, но смирува дека, според податоците од директорите на училиштата, не станува збор за висока бројка.
„Според комуникацијата на Министерството со директорите, нема огромен број позитивни случаи на наставници или професори и на деца. За мене, поважно беше образовниот процес да почне, поважна беше информацијата од директорите дека се подготвени, поважна беше одлуката на Комисијата за заразни болести дека имаме услови за физичко присуство. Од денеска сите професори влегуваат во настава, првата информација ќе ја имаме денеска за да знаеме како се движи бројката на позитивни“, реќе Шаќири.
Во врска со барањата учениците да следат настава без заштитни маски, Шаќири одговори дека ќе има средба со сите што мислат поинаку, но дека сите протоколи, вклучително и носењето маски, се препораки од Комисијата и тие треба да се почитуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

