Македонија
Почна изградбата на првиот музеј на ретки минерали во Пробиштип
Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, и градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, во Пробиштип го означија почетокот на изградбата на првиот научен музеј на ретки минерали во земјата.
Вкупната вредност на проектот е 9,2 милиони денари. Над 60 отсто или 5,6 милиони денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа преку Програмата за рамномерен регионален развој, а другите средства во износ од 3,6 милиони денари ги обезбеди Општина Пробиштип.
„Изградбата на музеј на ретки минерали во Пробиштип е најдобар начин природното богатство и традицијата да се стават во функција на развојот на регионот. Приоритет на Владата е развојот. Овој проект ќе почне да се гради по цели 6 години. Градиме со план за да го интензивираме развојот и на општина Пробиштип и на Источниот Плански Регион, во кој годинава само со средства од буџетот на Министерството за локална самоуправа се финансираат 14 проекти за развој на регионот, на селата и на специфичните подрачја, во вкупна вредност од 49 милиони денари“, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
Министерот Милевски истакна дека овој проект е одличен пример како една добра добра идеја може да биде реализирана преку соработка меѓу централната и локалната власт со заедничко финансирање и со административната поддршка од Центарот за развој на Источниот Плански Регион.
Станува збор за нова атрактивна научнотуристичка содржина во Источниот Плански Регион, која ќе го привлече вниманието на посетители од земјава и странство, со што регионот ќе ги промовира и ќе ги стави во функција своите развојни потенцијали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба: СДСМ оддаде почит на ликот и делото на Киро Глигоров
По повод 14 годишнината од смртта на првиот претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ, во состав: Љупчо Фармаковски организациски секретар, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор и Симона Цветановски – членка на Извршенодбор, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечното почивалиште.
„Со длабока почит се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство ги постави темелите на современата и независна македонска држава.
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба.
Вечна слава на претседателот Глигоров – Таткото на нацијата и вечна инспирација за сите нас“.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

