Македонија
Почна седницата на Централниот одбор на СДСМ
Деветтата седница на Централниот одбор на СДСМ почна пред малку во Охрид. Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, денеска од Преспа најави, како што рече, пријатни изненадувања на состанокот.
„Централниот одбор денеска треба да го избере Извршниот одбор на партијата, секретарите….. Имавме консултации пред состанокот со заменик-претседателот и генералниот секретар, но мислам дека ќе има пријатни изненадувања кои се типични за левичарските партии и верувам дека тоа ќе биде убава кадровска импликација за да можеме да ги мотивираме и другите политички партии и општеството да се менуваме кон подобро“, рече Заев.
На седницата ќе се дебатира за суштинските промени во партијата, новиот систем на делување и работа на партијата, напредокот на државата, а се очекува и заокружување на внатрепартиските промени и избор на ново партиско раководство.

На седницата ќе се разговара и за политичката ситуација во државата како и за позитивниот извештај од ЕУ и ветувањето и гаранциите кои ги даде Германија дека Бундестагот во септември ќе даде позитивен сигнал за преговори со Унијата.
Минатиот месец по барање на Заев беа разрешени сите претседатели на општиниски организации, шесте потпрестедатели на партијата и генералниот секретар Александар Кирацовски. За нов генерален секретар беше назначен министерот за земјоделство Љупчо Николовски, а минатата недела беа избрани и 30 претседатели на општински организации.
Од СДСМ најавија дека по завршување со промените внатре во партијата промени ќе има и во централната и локална власт. Сметаат дека нема потреба од предвремени парламентарни избори, сепак не се исклучува можноста да се дискутира за тоа. Партијата очекува во септември датум за преговори со ЕУ, а истите да почнат до крајот на годината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)
Македонија
Непречен сообраќај низ државата, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

