Македонија
Почна состанокот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ
Вечерва почна состанокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓу првите кои пристигнаа беа пратеничките Ане Лашкоска, Благица Ластовска и Лилјана Затуроска, членовите на Извршниот комитет на партијата, Трајко Славевски и Тони Михајлосвки, ексградоначалникот Коце Трајановски, како и поранешниот министер за правда Михајло Маневски.
Пред почетокот на состанокот тие одбија да дадат коментар во врска со актуелните несогласувања во партијата, кои станаа сè поизразени по гласањето на уставните измени. Затуроска само кусо порача дека нема поделби во партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека тема на вечерашниот Централен комитет се актуелните политички случувања, а неофицијално во јавноста веќе кружат две сценарија. Според првото, партијата размислува да го исклучи од членство Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, за кој се шпекулира дека влијаел врз седумтемина пратеници од партијата да гласаат „за“ уставните измени со цел да издејствува амнестија за себе. Второто сценарио за кое се зборува е дека членството ќе бара оставка од претседателот Мицкоски бидејќи не успеал да ги тргне настрана криминалните структури во партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

