Македонија
Почнува имунизацијата на деца против Ковид-19
Од денеска почнува имунизацијата против Ковид-19 на деца од 12 до 16 години, кои се пријавиле на www.vakcinacija.mk.
Според последните информации, пријавени се вкупно 1.800 деца.
Министерот за здравство, Венко Филипче, минатата недела појасни дека закажувањето за термин се прави со цел подобра организација.
„Од една вијала на ‘Фајзер’ се даваат шест дози вакцини, односно се вакцинираат шест лица. За да не дојде до отворање на вакцината и само, на пример, две апликации да се извршат, го правиме ова“, рече Филипче.
„Фајзер“ во моментот е единствената вакцина што е дозволена да се користи во согласност со препораките од внатрешното упатство за оваа категорија деца, појаснија деновиве здравствените власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

