Македонија
Во градинките почнува скринингот на 2.000 вработени на Ковид-19

Од денеска треба да почне скринингот на одредени категории групи граѓани на Ковид-19. Први за скрининг ќе бидат вработените во градинките, односно речиси 2.000 лица.
„За период од една недела може да се заврши тој процес и градинките би се вратиле во функција. Она што е најважно е животот постепено да се враќа во нормала, а граѓаните да се придржуваат до препорачаните мерки за заштита“, најави министерот за здравство, Венко Филипче.
Владата вчера донесе одлука за олеснување на рестрикциите, кои ќе се одвиваат во три фази. Вкупната бројка на заболени од Ковид-19 во земјата, според податоците од вчера, изнесува 1.674. Од нив, 1.205 оздравеле, 92 лица починале, а активни случаи има 377.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.