Македонија
Почнува судењето за Јанкулоска за набавката на „мерцедесот“
Во кривичниот суд во Скопје треба да почне судењето за ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“ во предметот „Тенк“ на специјалното јавно обвинителство. Ова е издвоена постапка за Јанкулоска и судењето почнува од почеток. Судијката Добрила Кацарска закажа 11 рочишта за овој предмет до крајот на септември.
СЈО предложи на Јанкулоска да ѝ се суди посебно кога адвокатите претходно приложија медицинска документација за отворено лекарско боледување поради бременоста. За истиот предмет експремиерот Никола Груевски доби казна затвор од 2 години, а второобвинетиот Ѓоко Поповски доби 6,6 години затвор. Скопска Апелација утре ќе одлучува за жалбата на Груевски за овој предмет.
Јанкулоска е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувањето како поттикнувач. За ова кривично дело на поранешната министерка ѝ се заканува казна затвор од најмалку 5 години. Според обвинението, Јанкулоска, за да го исполни барањето на Никола Груевски, со умисла го поттикнала обвинетиот Ѓоко Поповски да стори кривично дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

