Македонија
Појава на морбили кај возрасни во Дебар

Единицата на Заводот за јавно здравје во Дебар соопшти дека во градот биле евидентитани над десет возрасни лица што се заболени од морбили.
Епидемиологот Ментор Мела изјави дека појавата загрижува и апелира до населението да избегнува масовни собирања.
„Оваа појава е мошне загрижувачка бидејки морбилите се евидентирани кај возрасни лица над 30 години“, изјави Мела и додаде дека единицата на Заводот за јавно здравје веќе ги имаа преземено сите потребни активности.
Сите заболени се од Дебар, нагласуваат претставниците на здравствената институција.
Појава на морбили кај возрасни лица во Дебар и Дебарско не е евидентирана пред 3о-ина години , а според епидемиологот Мела, очигледно е дека станува збор за појава на морбили кај лица што ја изгубиле имунизацијата бидејќи пред три децении примиле само една вакцина против оваа болест.
К. М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Пуцко петрол“ бара јавно извинување за објавено соопштение од Град Скопје

Компанијата „Пуцко петрол“ побара јавно извинување од медиумите за објавено соопштение од Град Скопје во кое ја обвинија компанијата дека ја прекинала доставата на нафта за автобусите на ЈПС.
Од компанијата наведуваат дека во конкретниот случај воопшто не е спомнат фактот за огромниот долг на ЈСП према нивната компанија кој надминувал и над 10.000.000 евра по фактури стари и над две години.
„Со вашиот објавен текст за компанијата Пуцко Петрол на датум 22.09.2025 година изразуваме загриженост и разочараност, со кој се нарушува угледот, реномето и деловниот интегритет на нашата компанија. Нецелосната и тенденциозна содржина на текстот води кон погрешно информирање на јавноста, што предизвикува директна штета врз нашата репутација и деловни односи.
Затоа што текстот содржи информации кои не ја отсликуваат реалната состојба и можат да доведат до погрешна перцепција за нашата компанија чувствуваме потреба да реагираме и за истиот бараме јавно извинување.
Темелно и објективно информирање е еден важен принцип за секој медиум особено за информација од јавен интерес. Потребно е секогаш да се обезбедат точни и вистинити информации. Во конкретниот случај воопшто не е ниту спомнат фактот за огромниот долг на ЈСП према нашата компанија кој надминувал и над 10.000.000 евра по фактури стари и над 2 години што е значаен елемент кој заслужува внимание при секое известување на оваа тема.
Нашата компанија како долгогодишен и одговорен снабдувач, секогаш се води од принципите на транспарентност и професионалност.
Дополнително, сакаме јасно да нагласиме дека секоја институција која ги подмирува своите обврски навремено, без исклучок добива гориво согласно договорените услови. Нашето работење е транспарентно, законски усогласено и ориентирано кон стабилност и доверба во деловните односи. Со оглед на горенаведеното, бараме од Вас јавно извинување за нанесената штета и нарушениот углед и повлекување на спорниот текст, во согласност со етичките стандарди на новинарството. Во спротивно, ќе бидеме принудени да ги преземеме сите правни мерки за заштита на нашите права и интереси. Веруваме дека заеднички можеме да придонесеме за точна информираност, и Ви стоиме на располагање за дополнителни информации“, се наведува во реакцијата.
Македонија
Од ноќеска на полноќ поскапува дизелот

Од полноќ, горивата добиваат нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 23.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,947 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,207 ден/кг и сега ќе изнесува 36,947 ден/кг.
Македонија
СДС крева лажна паника за летањето на авионите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС крева лажна паника за летањето на авионите, ова е дел од црните сценарија на Филипче за покривање на неспособноста и безидејноста, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на прес – конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Венко Филипле и СДС намерно креваат лажна паника за наводно нарушена безбедност на скопскиот аеродром. Каква врска има партиите со тоа што се расипал радар, што може да се случи на било кој аеродром во светот.
Расипаниот радар не само што не ја загрозува безбедноста на патниците туку работата на аеродромот продолжува непречено по утврдени протоколи. Впрочем ниту една реномирана авиокомпанија која оперира на скопскиот аеродром се нема пожалено ниту откажано од работење.
Што се однесува за партизираноста на МНАВ само да потсетиме дека каубојците од ДУИ се тепаа на работно место, а пајташите на СДС вработија 70 партиски војници во оваа институција. Затоа на ваквото ширење на паника од СДС гледаме како сценарио за кревање на паника слично на палењето на депониите во Скопје од кое што ќар имаат само СДС за да ја покријат безидејноста и неспособноста“, пишува во реакцијата.