Македонија
По ГТЦ, со графити ќе се разубавува и катната гаража „26 Јули“
Младински културен центар распишува повик за избор на 6 авторски цртежи, кои ќе се реализираат во рамки на проектот „Градот убав или Skopje street and art gallery 2“.
Повикот е отворен за домашнитe ликовни уметници и автори од полето на уличната и графити уметност.
„По одлично реализираната прва галерија на отворено во рамки на еден од најзначајните објекти од современо Скопје – Градскиот трговски центар, ја продолжуваме оваа иницијатива за создавање втора таква галерија, која ќе се реализира во катната гаража ’26 Јули’“, информираат од МКЦ.
За учество на повикот, заинтересираните треба да достават по електронски пат портфолио со претходно реализирани мурали на или во слични манифестации и опционално нивната замисла (скица) за посочениот простор.

Активностите ќе се реализираат од 20 до 22 декември 2019 година.
„За реализација на делата е предвидена временска рамка од 3 дена, на еднакво распределени површини / 1 x (10m x 2.5m) + 2x (2x 2.5 m) /. Организаторот за потребите на проектот ќе обезбеди материјали за изработка на делата, храна и пијалаци во текот на работењето, фотодокументација и архивирање, како и еднакви хонорари за авторите согласно обезбедените средства“, се наведува во соопштението на МКЦ.
Материјалот електронски може да се достави најдоцна до 10 декември годинава, на адресата: [email protected] со наслов на пораката: Име и презиме / Skopje street and art gallery 2.
Организаторот на 12 декември јавно ќе ги објави резултатите.
Од МКЦ нагласуваат дека нема да бидат разгледувани скици со недолична содржина, дискриминаторски пораки и навреди на која било основа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај, Гази Баба и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 д 15.00 часот, дел од корисниците од село Љубин (општина Сарај), како и објектите на компаниите Мајами, Ана Компани, Мак лифт и Прилепска Пивара. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улиците Никола Мартиновски и Азем Хајдари, Албанскиот Тетар и објектите лоцирани околу него (општина Чаир), како и дел од корисниците од село Бојане. (општина Сарај)
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег
Македонија
Муцунски се сретна со еврокомесарката за проширување, Марта Кос
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, во рамки на работната посета во Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
„На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната“, соопшти МНР за средбата.
Еврокомесарката Кос ја изразила поддршката за европскиот пат на Република Северна Македонија и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.

